Посакувам периодот на пост, на самооткажување на сите да ви носи среќа и радост во вашиот живот, да имате радост во семејствата, да имате добрини меѓу вашите соседи, меѓу вашите блиски, порача претседателот Ѓорге Иванов во поздравниот говор на ифтарската вечера што, по повод светиот муслимански месец Рамазан, се одржа синоќа во с.Јанче, општина Маврово – Ростуше.-Ме радува што повторно сум во овој крај, во кој кога природата давала не штедела, дала толку многу убавини, дала толку прекрасни предели, толку убава природа и луѓе, кои иако се од различни вери, меѓусебе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата која ни ја оставиле претците, рече Иванов и додаде дека има различни религии, но една вера – вера во Бога.
На ифтарската вечера, покрај претседателот Иванов, присуствуваа и министерот за здравство Никола Тодоров, претседателот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, градоначалникот на општина Маврово – Ростуше Мукрем Мехмеди, претставници на верски заедници, како и други гости од општествено-политичкиот живот во земјава.
-Ме радува што повторно сум во овој крај, во кој кога природата давала не штедела, дала толку многу убавини, дала толку прекрасни предели, толку уб