Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.На средбата Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, посочил дека Република Македонија ја цени соработката и поддршката што ОБСЕ ја дава во повеќе области, особено во владеење на правото, изборниот процес и законодавство, поддршка на области како што се полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживот.
Во таа насока било разговарано за исполнувањето на политичкиот договор од јуни/јули и тековните активности кои се преземаат за организирање на претстојните предвремени парламентарни избори, при што од особено значење е и улогата на ОБСЕ во обезбедувањето фер и демократски слободни избори.Во однос на предизвиците со мигрантската и бегалската криза, македонскиот претседател истакнал дека дозвола за влез и транзит низ Република Македонија добиваат само лица на кои им е потребна меѓународна заштита, бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан.
Претседателот Иванов нагласил дека за навремено и адекватно справување со заканата од илегална миграција е потребно распоредување на ФРОНТЕКС на грчко – македонската граница, како и интензивирање на координацијата и комуникацијата со грчката полиција и служба.Македонскиот претседател и генералниот секретар на ОБСЕ размениле и мислења во врска со безбедносната состојба во земјава и регионот. Во врска со справувањето со безбедносните предизвици, клучен проблем, оценил претседателот Иванов, претставува недоволната размена на податоци, недоволната координација и соработка меѓу безбедносните служби во регионот.На средбата Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, посочил дека Република Македонија ја цени соработката и поддршката што ОБСЕ ја дава во повеќ