Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со Високиот претставник на Обединетите нации во Алијансата на Цивилизациите, Н.Е Насир Абдулазиз Ал – Насер.На средбата беше разговарано за улогата на Алијансата на Цивилизациите во справувањето со глобалните предизвици, како и за неопходноста од унапредувањето на дијалогот и соработката помеѓу државите, но и помеѓу недржавните актери во насока на имплементација на целите на Алијансата.
Во тој контекст, претседателот Иванов истакна дека како никогаш досега, светот има потреба од една ваква благородна мисија.
„ Република Македонија има исклучително активна улога во Алијансата на Цивилизациите и секако, има што да и понуди. Во време на сериозни глобални предизвици, Алијансата треба да ги интензивира своите активности и да се фокусира на превентивниот аспект во делувањето“, истакна претседателот Иванов.
Ал-Насeр, кој на покана на претседателот Иванов е во посета на нашата земја и вечерва ќе присуствува на панел дискусијата “Улогата на Алијансата на Цивилизациите на ОН во справување со сегашните и идните глобални предизвици“ која е во организација на Фондацијата Алијанса на Цивилизациите, искажа висока почит и упати честитки за личниот ангажман и посветеноста на претседателот Иванов , како и за придонесот на Република Македонија во Алијансата на Цивилизациите на Обединетите нации.
” Вашите идеи и размислувања се високо ценети во рамките на Алијансата. Вас ве препознаваат како искрен пријател и поддржувач на оваа глобална иницијатива на Обединетите нации, која иако сеуште млада, веќе дава резултати“, истакна Ал-Насер, кој воедно на средбата го информираше претседателот Иванов и за Самитот во Баку, како и за приоритетите на Алијансата на Цивилизациите на Обединетите нации за наредниот период.
Двајцата соговорници изразија подготвеност да продолжи и да се интензивира во наредниот период тесната соработка помеѓу Република Македонија и Алијансата на Цивилизациите на Обединетите нации.На средбата беше разговарано за улогата на Алијансата на Цивилизациите во справувањето со глобалните предизвици, како и за неопходноста од унапреду