Иванов одбива да разговара со поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд

Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд кој од денеска е во Скопје, утре ќе оствари средби со партиските лидери, но не и со шефот на државата Ѓорге Иванов. Од кабинетот на претседателот велат дека во неговата агенда не е предвидена таква средба. Неофицијални извори пак брифираат дека Иванов одбива средба поради како што велат непринципиелните ставови на Билд и обидите за мешање во внатрешните работи на земјата.
 Претходно Иванов одби да се сретне и со високите претставници на Европската Унија, Федерика Могерини и Јоханес Хан.
Според засега неофицијални информации Билд ќе оствари средба со највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ како и со раководството на СДСМ. Официјална потврда за неговата агенда нема. Тој утринава на Твитер најави дека патува кон Скопје.
– Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка, наведува Билд, кој е поранешен европски пратеник на Балканот. Карл Билд сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.Претходно Иванов одби да се сретне и со високите претставници на Европската Унија, Федерика Могерини и Јоханес Хан.
Според засега неофиција

Пронајдете не на следниве мрежи: