Со пораката што вчера ја испрати Заев, во која тој отиде над Уставот и го прогласи албанскиот јазик за втор службен јазик, прашање е дали лидерот на СДСМ воопшто ќе го добие мандатот со кој ќе може да состави владаОткако ДУИ вчера објави дека ќе му ги даде потписите на СДСМ за добивање мандат, во следните денови сите очи ќе бидат свртени кон претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој според Уставот треба да го додели мандатот.
Откако Никола Груевски како лидер на партијата која на изборите освои најголем број пратенички места не успеа во предвидениот рок да обезбеди мнозинство, сега таа шанса треба да ја има лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа Иванов го напомена на лидерската средба на почетокот на месецот.
Шефот на државата беше јасен дека мандат ќе ѝ даде на онаа партија или коалиција која ќе му достави потписи од најмалку 61 мандат.
Но претседателот тогаш кажа и една друга важна работа која како сите да ја подзаборавија, а тоа е дека покрај потписите ќе бара и одредени гаранции поврзани со унитарноста на државата.
– Мандат за состав на новата влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести и ќе докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието. Со други зборови – прво потврда и доказ за мнозинство, па потоа мандат за составување влада, во согласност со член 90 од Уставот на Република Македонија. Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритета: Прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност – нагласи Иванов.
Со пораката што ја испрати Заев од Сараево, во која тој отиде над Уставот и го прогласи албанскиот јазик за втор службен јазик во Република Македонија, прашање е дали лидерот на СДСМ воопшто ќе го добие мандатот со кој ќе може да состави влада.
– Aмандманот на членот 7, став два, кажува дека втор службен јазик во Македонија е албанскиот. Така што Македонија има прв службен јазик, тоа е македонскиот, со кирилското писмо, тој е единствен јазик и за меѓународна употреба, а со ставот два од постојниот Устав е дефинирано дека втор службен јазик е албанскиот јазик – толкуваше Заев.Откако ДУИ вчера објави дека ќе му ги даде потписите на СДСМ за добивање мандат, во следните денови сите очи ќе бидат свртени кон претседателот на