Иванов: Платформата ги загрозува унитарноста и сувереноста на Македонија

Со оваа платформа, Република Македонија е уценета, а нејзината унитарност, суверенитет и независност се загрозени, рече Претседателот Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање од Вила Водно.– Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Никој од граѓаните на ниту еден демократски избран претставник не му дал право, преговарајќи за пост-изборна платформа на туѓа држава да го загрозува суверенитетот на Република Македонија. Македонските граѓани на изборите гласаа за партиски програми, а не за постизборна платформа на туѓа држава, посочи Иванов.
Ова, додаде тој, се сериозни моменти од историјата на Република Македонија.
– Секој еден од нас мора најодговорно да се однесува, затоа што секоја погрешна одлука може да има несогледливи катастрофални последици за иднината на државата, рече Иванов.– Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Никој од граѓаните на ниту еден демократски избра

Пронајдете не на следниве мрежи: