Претседателот Иванов ги повика сите лица за кои се уште важи аболицијата да поднесат официјално барање за нејзино поништување.„Очекувам сите тие кои не се политичари а се дел од таа листа, согласно роковите во законот да ги поднесат своите барања и да им се овозможи тоа што го бараат, да им се повлече помилувањето.“ – изјави Иванов денеска во Софија.
До овој момент, аболицијата е поништена само за политичарите. Меѓу нив, единствено Заев останува аболициран за случајот Глобал. Иако јавно најави дека ќе побара повлекување на аболицијата и за овој случај во кој е фатен со криминал од 8 милиони евра, до овој момент во кабинетот на Иванов не пристигнало вакво барање.
Од таму информираат дека по донесувањето на измените во Законот за помилување, ниту едно од аболицираните лица не доставило барање за нејзино поништување. Од кабинетот на Претседателот објаснуваат дека претходно поднесените барања не важат, бидејќи имало измени на законот, и токму затоа Иванов денеска ги повика лицата официјално да побараат поништување на аболицијата.
Меѓу оние кои се уште се наоѓаат на списокот на аболицирани лица покрај Заев се и обвинителите од Специјалното јавно обвинителство како и сопругот на Радмила Шеќеринска, Бобо Дајнерс.„Очекувам сите тие кои не се политичари а се дел од таа листа, согласно роковите во законот да ги поднесат своите барања и да им се овозможи