Претседателот Ѓорге Иванов вчеравечер во Вила Водно, приреди ифтарска вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан.Обраќајќи се пред поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, муфтии, претставници на јавниот и на политичкиот живот, како и претставници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија ја негува вековната традиција на соживот и заемно почитување во кои преовладуваат вредностите кои претставуваат „мост на зближување“ помеѓу сите граѓани на нашето мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество.
Иванов на присутните и на сите припадници на исламската вероисповед им го честиташе светиот месец Рамазан.
– Месецот Рамазан е најсвет месец во Исламот бидејќи токму во овој период верниците имаат можност да ги исполнат тие заповеди за пости и молитва, за милост и солидарност кон посиромашните, но и за почитување на различните, истакна претседателот Иванов.
Ова, како што кажа, е особено важно денес, кога живееме во време на предизвици.
– Нашата држава, Република Македонија минува низ длабока политичка криза. Нашиот континент, пак, минува низ криза на европската идеја, рече Иванов и порача дека добрата мисла, почитувањето и прифаќањето на различноста ни помага да напредуваме заедно кон заедничка иднина.
Како што соопшти неговиот Кабинет, македонскиот претседател истакна дека како што ние во Македонија знаеме да живееме со нашите најдлабоки верски и етнички разлики, така треба да научиме да живееме со нашите најдлабоки политички разлики.
– Верувам дека оваа позитивна лекција треба да им ја пренесеме и на другите наши политичари. Затоа што само така ќе ја продлабочуваме почитта меѓу граѓаните на Република Македонија, порача претседателот Иванов.
Поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема, хаџи Ефенди Сулејман Реџепи му се заблагодари на претседателот Иванов за приредената ифтарска вечера поздравувајќи го овој потег на претседателот како чин кој придонесува кон зголемување на меѓусебната почит, толеранција и разбирање помеѓу граѓаните на Република Македонија.Обраќајќи се пред поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, муфтии, претставници на јавниот и на политич