Иванов се сретна со Ал-Сиси: Изразија задоволство од соработката

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Њујорк во рамките на 71. Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со претседателот на Египет Абдел Фатах Ал–Сиси.Како што соопшти кабинетот на Иванов, двајцата соговорници разменија мислења за актуелната состојба со мигрантската криза, како и за борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам при што се согласија дека е неопходно да се продлабочи соработката на безбедносните служби на двете земји со цел соочување со предизвиците.
Во тој контекст, се наведува, претседателот Иванов ја истакна поддршката во борбата против тероризмот која Република Македонија во неколку наврати ја добила од Египет, кој со својата позитивна улога дава значаен придонес за одржување на мирот и стабилноста во регионот на Северна Африка.
– Египет со својата решителна борба против тероризмот е успешен пример и гарант за стабилноста во регионот на Северна Африка. Република Македонија е активен партнер во антитерористичката коалиција, а заедничката соработка со Египет преку безбедносните служби верувам дека ќе придонесе во меѓународната заедница за успешно справување со глобалните предизвици“, истакна претседателот Иванов, стои во соопштението.
Двајцата претседатели разговарале и за унапредување на севкупните билатерални односи, особено за интензивирање на економско – трговската соработка преку искористување на заедничкиот потенцијал и ресурси со што ќе се овозможи поволна бизнис клима и можности за инвестиции.
Египетскиот претседател Ал – Сиси искажа задоволство од досегашниот тек на заемната соработка во повеќе области од заеднички интерес и изрази уверување дека започнатите иницијативи за билатерални проекти ќе продолжат уште поинтензивно да се развиваат во периодот што следува.
Македонскиот претседател истакна дека со годинешната прва oфицијална посета на Египет, двете земји отворија нова страница во своите пријателски односи од чиешто негување и развивање ќе имаат бенефит граѓаните на двете земји, се посочува во соопштението од кабинетот на Иванов.Како што соопшти кабинетот на Иванов, двајцата соговорници разменија мислења за актуелната состојба со мигрантската криза, како и за борбата против

Пронајдете не на следниве мрежи: