Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.На средбата, амбасадорот Жбогар на претседателот Иванов му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година и го информираше за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија.
Македонскиот претседател на средбата посочи на неопходноста за промена на статус кво состојбата, во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство со Европската унија.
-Постојаните политички кризи во кои се наоѓа Република Македонија во голема мера, се должат на предолгата статус кво состојба во интеграциите. Сметам дека предвремените парламентарни избори ќе бидат можност за излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат евро-интеграциите. Секое натамошно пролонгирање на овој процес сериозно ќе влијае на темпото на реформите, на нивото на политичка култура во државата и на културата на дијалог и компромиси. Верувам дека Унијата ќе го исправи досегашниот погрешен пристап кон Македонија, порача Иванов на средбата.
Македонскиот претседател и амбасадорот Жбогар разменија мислења и за претстојните избори во Република Македонија, за кои се согласија дека е важно предизборниот и изборниот процес да минат во фер, демократска и конструктивна атмосфера.На средбата, амбасадорот Жбогар на претседателот Иванов му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година и го информираш