Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечер во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија.
На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божикните празници, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак.
Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор, утре ќе ја посетат општина Вевчани, каде што е предвидена посета на црквата „Св. Никола“ и на Вевчанските извори.
Традиционалниот прием по повод новогодишните и божикните празници за претставниците на дипломатскиот кор, изминатите години беше приреден во Битола, Крушево, Гевгелија и во Берово.На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божикните празници, како што соопшти Каби