Сите активности кои ги презема Република Македонија во справување со бегалската криза се во согласност со мерките договорени од страна на сите земји на балканскиот коридор и ништо досега преземено не е еднострано или самоиницијативно, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за грчката телевизија „Стар“.-Грција знаеше дека кога Австрија ќе ја исполни квотата, таа ќе започне со целосно затворање на коридорот. Тоа се случи и тоа го знаеја сите во Грција. Затоа, ние инсистиравме кога ќе дојде тој момент, да почне да се празни територијата на Грција. Да се најде начин, дали преку воздушни коридори, сите што останале во Грција да бидат пренесени до земјите на дестинација каде изјавиле потреба да одат, претежно во Германија, изјави Иванов во интервјуто за грчката телевизија.
На прашањето дали Македонија ќе ја продолжи оградата на јужната граница, Иванов изјави дека оградата е подигната со цел заштита од илегална миграција и дека благодарејќи на нејзиното поставување Македонија обезбеди 99 отсто регистрација на илегалните мигранти.
– Ние ја чуваме територијата на нашата држава и затоа ја дигнавме жицата, не да се штитиме од Грција, туку од илегалната миграција која доаѓа од територијата на Грција. Се додека има илегална миграција, таа жица ќе стои и ќе се чува со опрема за разни тактичко оперативни мерки. Ќе вградуваме термални камери, ќе вградуваме сензори, опрема, за да спречиме илегално да минуваат. Секоја вечер по 20 луѓе ја оштетуваат оградата и сакаат илегално да преминат. И тоа треба да запре. Тоа е од корист и за Грција. Кога тие ќе знаат дека не можат да одат на север, нема да доаѓаат ниту во Грција. Затоа овој период треба да го издржиме, да бидеме меѓусебно координирани и да преземаме синхронизирани акции, изјави македонскиот претседател.
Во однос на актуелната соработка со Грција, Иванов рече дека се уште недостасува меѓу-институционална соработка и доверба.
-Ние пропуштивме долг период поради неодговорноста на луѓе од вашата држава кон безбедносниот проблем, да превенираме многу такви случаи. И затоа ова е интервентно. За пофалба е реакцијата на вашиот Премиер, но зар требало да дојде Претседател на држава за да со вашиот Премиер решава проблеми во надлежност на полициите, истакна Иванов во интервјуто.
Шефот на македонската држава изјави дека грчката страна одби размена на безбедносни информации во контекст на бегалската криза и ја прекина праксата на средби на групите за градење на мерките на доверба.
Прашан за коментар на изјавата на грчкиот министер за надворешни работи дека по одлуката за затворање на коридорот Македонија ќе има последици за европските и евроатланските интеграции, претседателот Иванов му порача на Коѕијас да си ја повлече изјавата.
-Што може Грција повеќе да направи? Да не блокира уште 25 години како досега што не блокираше? Не е тоа начин на добрососедство и на односи меѓу народи кои живеат и се осудени да живеат заедно. Ниту можеме да ја смениме историјата, ниту можеме да ја смениме географијата, рече Иванов.
На крај претседателот Иванов порачува дека Македонија и Грција како два соседа мора да соработуваат, бидејќи двете земји ги обединува иднината на младите генерации, кои не сакаат да робуваат на политичари и луѓе со затворени умови кои останале да живеат во минатото.-Грција знаеше дека кога Австрија ќе ја исполни квотата, таа ќе започне со целосно затворање на коридорот. Тоа се случи и тоа го знаеја сите во Грц