Каква позадина има прошетката на Иванов и Силјановска во Охрид?

По вчерашното завршување на Конвенцијата во Струга на која што победи надпартискиот кандидат професорката Гордана Силјановска, денес гледаме еден почеток на нејзината кампања.

Главен промотор е претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, но на фотографиите се гледа и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, а и обезбедувањето.

Ѓорге Иванов победи како надпартиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше во полна кондиција и кого и да кандидираше ќе беше во добитна комбинација. Тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека треба надпартиско решение исто како и сегашниот претседател Христијан Мицкоски.
Овој потег на Мицкоски буди сомнеж дека кандидатот можеби е избран по препорака на Будимпешта.

Но да видиме што направи Иванов за 10 години. Во неговото 10 годишно владеење Иванов има одржано нешто околу 35 говори. Или по 3-4 годишно, што значи дека Иванов се обраќан на Мечкин Камен, Пелинце, 8 септември, 11 октомври и слично. Иванов исто така многу ретко патуваше но негова најчеста релација беше во Турција. Многумина се прашуваа зошто, но блиски луѓе на Вилата на Водно ни кажаа дека баш англискиот јазик не му бил по мерка. Иванов како претседател имаше бројни комични ситуации на кои му се смееше светот и Македонија.

Иванов не ги потпиша Законот за јазици и Преспанскиот договор. Но во негово име ги потпиша Талат Џафери, Законите се на сила, а претседателот си спие. Исто така има еден сомнеж зошто Иванов не ги помилува 8те пратеници за да не бидат уценети? Зошти Иванов не направи храбар чекор да даде амнестија за луѓето кои влегоја во Собрание на 27? Зошто Иванов чекаше на милоста на Заев да донесе закон за Селективна правда за луѓето кои учествуваа тој четврток на 27?

Нема одговори. Нема одговори на ниту едно прашање. Нема одговори ни тоа што правел Иванов и неговиот кабинет на 27 април? Иако истрагата даде сомнеж за кабинетот.

10 години спокој во Вилата на Водно, некоја изјава, некоја прошетка и 2 непотпишани закони. Тоа беше претседателот Иванов.

Денес Иванов застана до Силјановска за нејзината кандидатска промоција. Сакате да знаете зошто. Еве оваа фотографија ќе ви го даде одговорот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.