„Ивкова слава за фајронт“

Во моментот кога се соопштуваше ставот на меѓународната заедница за изборите закажани на 24-ти април од страна на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, раководството на најголемата опозициска партија СДСМ, во една скопска кафеана веќе славеше. И тоа реши да го овековечи со фотографија со која подоцна се фалеше на своите опозициски,таканаречени соросови портали!Прашањето зошто е толкава желбата и радоста кај СДСМ и особено кај  нивниот лидер Зоран Заев  и потесното раководство да нема избори, има само едно логично објаснување: Страв од робија!
Имено, повеќе од јасно е дека доколку изборите се случат на претходно договорениот датум 24 април, СДСМ ќе ги загуби истите со огромна разлика. Тоа го говорат и анкетите, и расположението на народот и потајно самите членови на најголемата опозициска партија. Без минати резултати, без нова политичка програма, без понудени проекти и решенија… ги чека само едно – изборен дебакл!
Тоа конечно најмногу им е јасно и на Заев, Шекеринска, Оливер, Шилегов…! По таквиот расплет на настаните повеќе од сигурно е дека Зоран Заев, а многу веројатно и целата гарнитура околу него ќе мора да „абдицира“ од лидерската позиција и замине во заборав со што политичарот и опозициски лидер Зоран Заев ќе стане  граѓанинот Заев. А тогаш работите ќе стојат поинаку, зашто како обичен граѓанин ќе мора да се соочи со лицето на правдата за „минатиот труд“  за кој кривично се товари. Повеќе ќе нема задскривање зад иминутетот, партијата, опозицијата, маглата која ја посеа…! Зашто имунитетот ќе исчезне, лидерската позиција ќе ја изгуби  по поразот, новите сили кои ќе дојдат на власт  во партијата ќе се дистанцираат од него и неговото работење, а маглата по изборите ионака ќе се расчисти. Тогаш му останува само едно: Да и погледне на правдата в лице!  А таа е можеби спора, но сурова. Потоа ни мачките на Ванхауте не ќе можат да му бидат на помош, зашто работата ќе биде: „Окачи мачку о реп“!  Ете затоа е стравот од изборно соочување, зашто за Заев истото значи страв од робија!
Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски, директорот на партискиот Центар за комуникации Роберт Поповски, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и пратеничката Рената Десковска седнаа на мезе и пијачка да прослават… ама што?
Единствен  феномен забележан во поновата историја, опозициска партија да слави зашто ќе нема избори?!
Секој нормален или неупатен би се зачудил, како тоа оној кој упорно бараше избори и по дифолт треба да се радува и слави ако ги добие, сега слави зашто изборите се откажани или пролонгирани? Или така барем мислат тие – славениците од Бихаќка?!
Конечно, последниот збор за тоа дали ќе се промени датумот за избори го има  Собранието на Република Македонија, а не странските „олеснувачи“ и амбасадори, кои пак и самите, како на пример американскиот амбасадор Бејли, го истакнаа истото во своите изјави.
Рокот за одлука на Собранието истекува вечерва, вторник, 23 февруари на полноќ. Потоа да не биде џабе славењето, односно попуста радоста, оти кој пред време се радува обично на крај го напушта теренот со наведната глава!
Но, интересно е да се проанализира феноменот на опозиционерите: радост заради немање избори кои самите ги бараа?!
Од друга страна, „славениците“ од Бихаќка како да забораваат уште една работа кога е 24 април во прашање. Ако се случи на овој датум да нема избори, дали тогаш Пржинскиот договор не е прекршен и продолжува да важи? Или од 25 април Никола Груевские повторно е премиер на Република Македонија, Чавков министер за внатрешни работи, а Диме Спасов министер за труд и социјална политика? Дали со тоа Оливер Спасовски, Фросина Ременски и останатите заменици си ги пакуваат куферите и правец назад во базата на Бихаќка? Зошто колку ште е познато сите тие беа назначени за министри до спроведување на изборите на 24 април! Ако 24 април не важи, тогаш зошто би важело и каква смисла би имало нивното понатамошно учество во Владата?
Многу логично е доколку не го сакате она што го баравте и потпишавте, работите да се вратат на почетна позиција. Секој на свое место, па Јово-одново!
А како стојат работите,  нивната „Ивкова слава“ уште утре може да се претвори во Фајронт, стои во колумната на Антонио Димитриевски за Курир.Прашањето зошто е толкава желбата и радоста кај СДСМ и особено кај  нивниот лидер Зоран Заев  и потесното раководство да нема избори, има

Пронајдете не на следниве мрежи: