Избегнете паника: Како да разликувате вистински од лажни породилни болки?

Лесно е.Лажните породилни болки почнуваат да се јавуваат 4 недели пред породувањето, а некогаш и порано.
Вистинските породилни болки почнуваат со болни грчеви кои траат околу половина минута и се појавуваат во периоди од 20 до 30 минути. Јачината на контракциите се зголемува, а времето меѓу нив се скратува на 10 минути и помалку, што истовремено се смета за „аларм“ за одење во болница. Сепак, правилата се разликуваат од жена до жена.
На почетокот на породувањето вообичаени се три до четири контракции за 10 минути, потоа во т.н. породилно доба и 5 контракции за 10 минути. Нормалното породување се карактеризира со правилни, односно координирани контракции на матката, кои лесно и ефикасно го шират вратот на матката. За нормално породување треба да има околу 200 контракции, а самото породување трае околу 12 часа.
Уште од средината на бременоста, а посебно последните неколку недели пред терминот активноста на мускулните ткива на матката станува се посилна и почувствителна на хормони. Од таа причина три до четири недели пред породувањето се јавуваат неправилни контракци што не се болни. Ова се лажни контракции и тогаш трудниците често мислат дека започнало породувањето, кога всушност се работи само на подготовка на телото, односно ширење на грлото на матката.
Сепак, на пациентките некогаш им е тешко да ги разликуваат вистинските од лажните породилни болки. Лажните контракции се смируваат ако трудницата почне да се движи, а ако се работи на вистинските, ништо не помага при смирувањето на грчевите и болката.
Најпосле, кај лажните болки, грчењето е во долниот дел на стомакот, а кај вистинските, болката започнува во дното на 'рбетот. Најважно од се е дека кај лажните болки нема правилен распоред, а вистинските се јавуваат со ритам, и со се пократко временско растојание меѓу една и друга контракција. Се смета дека трудниците кои и претходно раѓале можат да имаат почести и поинтензивни лажни болки, а првородките може да не ги ни почувствуваат. Овде е важно да се напомене дека контракциите можат да се појават и за време на бременоста, и може да доведат до предвремено породување. Контракциите што стануваат се почести и поболни за време на бременоста треба да се сфатат сериозно и да се отиде на гинеколошки преглед. Ваквите контракции можат да предизвикаат ширење на грлото на матката, додека бебето се уште не е доволно зрело за живот вон мајчиното тело.Лажните породилни болки почнуваат да се јавуваат 4 недели пред породувањето, а некогаш и порано.
Вистинските породилни болки почнуваат со б

Пронајдете не на следниве мрежи: