Ако јадете лоши работи, тогаш на вашиот организам му се случуваат лоши нешта, вели д-р Патриша Фарис, дерматолог во „Old Matairie Dermatology“, во Њу Орлеанс. Неверојатно е колку болести можат да бидат предизвикани со лошата исхрана, продолжува таа.1. Шеќер
„Шеќерот дефинитивно е најголемиот виновник за забрзувањето на процесот на стареење“, смета д-р Витни Боув, дерматолог. Шеќерот прави да се чувствуваме исцрпено. Кога се внесува премногу шеќер или јаглехидрати, доаѓа до пораст на глукозата во крвта. Шеќерот се врзува за колагенот и еластинот – протеините кои на кожата ѝ даваат мекост и еластичност. Со тек на време, колагенот и еластинот стануваат груби и тврди до тој степен, што не можат да се обновуваат. Намирниците како што се кексот, мафините, разните житарки, па дури и шпагетите, можат да содржат високо ниво на шеќер.
2. Алкохол
„Кај алкохолот е присутен принципот на квалитет и квантитет“, смета Боув. Црното вино е поздраво од пивото и ликерот, бидејќи содржи лесвератол. Лесвератолот обезбедува здраво стареење и помага при избегнувањето на штетното влијание на слободните радикали кои ја оштетуваат кожата. Тој се наоѓа само во црното вино и какаото. Многу алкохолни пијалаци содржат доста шеќер.
Исто така, алкохолот може да ја направи кожата бледа и поради тоа брчките стануваат поизразени. Тој делува и како диуретик, поттикнува зачестено лачење од организмот, па може да доведе и до дехидрација и лош изглед. Луѓето кои се изложени на претераното консумирање на алкохол, можат да очекуваат жолта кожа, пукање на капиларите или спајдер ангиоми (промена на крвните садови во облик на пајак).
3. Сол
„Солта не влијае лошо на стареењето. Но, може да влијае на подуеноста и темната боја на подочниците“, смета Фаирс. Производите кои содржат доста сол се инстант супите, чипсовите, смрзнатиот компир и разните тестенини.
4. Вештачки засладувачи
Тие ја менуваат црвената флора и микробите во стомакот кои помагаат при варењето. Овие промени овозможуваат склоност на организмот кон создавање на отпорност на инсулин и појава на дијабет. Вештачките засладувачи содржат аспартам, сахароза и сахарин. Тие се наоѓаат во пудингот, зачинетите јадења, чоколадите, мастиките, овошните сокови, сладоледот, јогуртите.
5. Заситени масти
Со претераното консумирање на заситени масти кои се наоѓаат во мрсното месо, млечните производи и кокосовото масло, се забрзува стареењето . Д-р Бонци истакнува дека хормоните кои се наоѓаат во месото и млечните производи, играат значајна улога во предвременото стареење.
6. Газирани пијалаци
Постојат докази дека фосфорната киселина во газираните пијалаци допринесуваат кон побрзо стареење. Некои истражувања докажале дека луѓето кои консумираат сокови со фосфорна киселина, имаат пониска густина на коските која може да доведе до појава на остеопороза. Исто така, докажано е дека овие сокови го оневозможуваат нормалното регенерирање на клетките.
7. Нитрати
Нитратите се употребуваат за конзервирање на месото, за да се добијат сланина, пунка, виршли или разни сувомеснати производи, кои се познати како канцерогени. Но, природните нитрати кои се наоѓаат во зелениот зеленчук, помагаат во борбата против предвременото стареење. Тие можат да имаат позитивен ефект при регулирањето на крвниот притисок и помагаат при нормалното функционирање на крвните садови. Редовното консумирање на овошје, растителни влакна и омега 3 масни киселини, можат да помогнат при постигнување на младешки изглед.
8. Глутен
„Иако нема многу истражувања за влијанието на глутенот врз стареењето, постојат докази дека протеинот кој се наоѓа во пченицата и оризот може да предизвика воспаление. Воспаленијата предизвикуваат промени на кожата, како што се акни и осип. Истражувањата покажуваат дека воспаленијата допринесуваат кон создавање на многу фактори за стареење, вклучувајќи го и оштетувањето на коските и когнитивните способности“, вели д-р Боув.1. Шеќер
„Шеќерот дефинитивно е најголемиот виновник за забрзувањето на процесот на стареење“, смета д-р



