Експертите за тероризам тврдат дека во овие земји се сместени терористички ќелии или дека опасноста од напади е поголема отколку во останатите држави. Тие уште пред година дена предупредија дека на Европа ѝ се закануваат страшни терористички напади и дека меѓу земјите кои најмногу треба да стравуваат од напади се: Белгија, Франција, Германија, Холандија.Експертите уште тогаш ја ставија Белгија меѓу петте земји кои најмногу треба да стравуваат од терористички напади и тоа за жал, се случи една година подоцна – во два терористички напади на аеродром и подземна железница загинаа повеќе од 30 луѓе, додека над 260 се ранети.
Џихадистите во 2015 година најмногу терористички акции имаат изведено токму во Франција. Годината започна со напад на редакцијата на сатиричниот лист Шарли Ебдо кога беа убиени 12 луѓе, а вистинскиот масакр се случи во главниот град во ноември 2015 година, кога загинаа 130 луѓе и стотици беа ранети. Французите и понатаму живеат во страв.
Дури и германските раузнавачки служби предупредуваат дека терористите би можеле да употребат тактика на повеќекратни напади со цел за ширење на паника и страв, како што се случи и со нападите во Париз.
Во почетокот на 2015 година две лица завршија во притвор по напад на 12 куќи, а германската специјална полиција често спроведува акции за апсење на терористи. Така, во ноември минатата година беа уапсени двајца џихадисти, а во април во Оберсел беа уапсени двајца осомничени во чиј стан е пронајден и запленет цел арсенал на оружје, меѓу кој се наоѓале и бомби-цевки, експлозив, пушки и муниција.
И Британците кон крајот на минатата година го зголемија бројот на вработени во разузнавачките агенции за 15 отсто и повеќе средства се издвојуваат за безбедноста во воздушниот сообраќај. Инаку, британската влада кон крајот на минатата година ги советуваше граѓаните да не патуваат во Шпанија која е означена како место во кое постои голема можност да се изврши напад врз туристи.
Според картата за опасност од терористички напади, најбезбедни земји се Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска…Експертите уште тогаш ја ставија Белгија меѓу петте земји кои најмногу треба да стравуваат од терористички напади и тоа за жал, се случи една годин



