Избегнувајте ги овие намирници и за 2 недели ќе имате рамен стомак и 5 кг помалку

Loading...

Ова е најбрзата диета за рамен стомак, која за разлика од другите брзи диети, има позитивни ефекти и врз вашето здравје. Врвниот кардиолог д-р Вилијам Дејвис, тврди дека до вакви промени е возможно доколку од исхраната исклучите само една намирница за која досега погрешно верувавте дека е добра за вас – пченицата.Д-р Дејвис во својата нова книга „Пченичен стомак“ објаснува дека пченицата, која со децении се смета за основна состојка во исхраната е добра за срцето и артериите, со текот на времето, по пат на агресивни, модерни полјоделски методи е претворена во „супер јаглехидрати“ кој во нашиот организам се претвора во шеќер побрзо од било која друга намирница
Како резултат на тоа доаѓа до огромни скокови на инсулинот. А поради овој хормон шеќерите се претвораат во масти, кои се складиштат најчесто околу стомакот.
Тоа значи дека пченицата придонесува за побрзо дебелеење, и тоа токму во пределот на стомакот. Меѓутоа, иако овој механизам е јасен и на поголем број луѓе им е познат, она што е ново, е фактот дека од пченицата старееме побрзо. Д-р Дејвис објаснува на кој принцип се случува ова.
ПОВРЗАНОСТ НА ПЧЕНИЦАТА СО БРЧКИТЕ
Основната причина за прераното стареење лежи во процесот кој се нарекува гликација. Ова се случува кога нивото на шеќерот во крвта многу ќе се зголеми. Имено, поради премногу шеќер во крвта, молекулите на глукоза се „закачуваат“ за протеинот на колагенот (истиот оној протеин кој на вашата кожа и дава младешки и затегнат изглед).
На овој начин се создава соединение познато како завршен производ на надградената гликација (AGE – advanced glycation end-product). Овие соединенија се крути, а порди нив и влакната од кожата кои инаку се еластични, исто така стануваат крути. И на тој начин се појавуваат брчките.
А бидејќи храната направена од пченица, како што нагласува д-р Дејвис, го зголемува нивото на шеќер во крвта повеќе од речиси било која друга храна, вклучително и белиот шеќер, го зголемува и присуството на инсулин и AGEво организмот.
Затоа исклучувањето на пченицата од исхраната може да има брзи и воочливи резултати.
Покрај тоа, новите студии покажуваат дека пченицата може да го влоши проблемот со акните, и дека има ист ефект врз дерматитисот. Ако на сето тоа го додадеме и фактот дека од неа добиваме и сало околу стомакот, станува јасно дека е најпаметно пченицата да ја исфрлиме целосно од нашето мени.
ЕВЕ КАКО ДА ЈА ЗАОБИКОЛИТЕ И ДА ЈА ИСФРЛИТЕ ПЧЕНИЦАТА ОД ИСХРАНАТА:
Доколку одлучите да ја одбегнувате пченицата, ќе мора секој ден да си го носите своето јадење на работа, почесто да пазарите, и подолго време да поминувате во кујна приготвувајќи ги своите оброци. Но сето тоа може да биде забавно.
Иако во почетокот ќе ви делува дека целиот овој режим ви го отежнал животот, ќе забележите дека одбегнувањето на пченицата всушност ќе ви го олесни животот. Најубавата работа од оваа диета е што од самиот старт ја исфрлате пченицата како најлоши јаглехидрати, со што не мора да се грижите за калориите.
На крајот воопшто нема да чувствувате потреба за грицки а стомакот и брчките ќе започнат да исчезнуваат. Меѓутоа, ако баш ви се брза, и сакате побрзо да ослабете, ќе мора да се откажете и од оризот, компирот и пченката, бидејќи и тие можат брзо да го подигнат шеќерот. Најдобро ќе биде во следните неколку седмици да се придржувате кон следниве неколку правила:
ОСНОВНИ НАСОКИ ЗА ИСХРАНА БЕЗ ПЧЕНИЦА
Овие намирници јадете ги колку сакате:
-Зеленчук (освен компир и пченка шеќерец)
-Јаткасто овошје и семки
-Здрави масла – маслиново, авокадово, кокосово, сусамово, оревово
-Јајца и месо
-Сирење, најдобро полномасно
-Сите преливи кои не содржат шеќер – сенф, рен, салца, мајонез, соја сос, лут сос
-Ленено семе, авокадо, маслинки, кокос, зачини, какао (без шеќер)
Јадете помали количини од овие намирници:
Максимум 100 г или 100 мл од овие намирници по оброк, бидејќи поголема количина би можела да доведе до нагли скокови на шеќерот.
-Млечни производи, освен сирење (млечните протеини би можело да го засилат лачењето на инсулинот, но процесот на ферментација тоа го намалува).
-Овошје. Бобинките се најдобри, но бидете внимателни со овошјето кое содржат многу шеќер (банани, папаја и ананас).
-Свежи овошни сокови.
-Киноа, просо, хељда, овес, интегрален ориз (мах по 50 г по оброк).
-Грав, леќа, грашок, сладок компир
-Производи од соја
Овие намирници во целост исклучете ги:
-Производи од пченица
-Нездрави масла – хидрогенизирани, полинезаситени
-Храна без глутен. Таквата храна се прави со скроб, од кој шеќерот скока полошо и од пченицата
-Суво овошје
-Пржена храна
-Слатки закуски богати со шеќер – чоколадо, сладолед, енергетски барови
-Засладувачи полни со фруктоза. Меѓу другото и мед.
-Преливи кои содржат шеќер, како што е кечапот.Д-р Дејвис во својата нова книга „Пченичен стомак“ објаснува дека пченицата, која со децении се смета за основна состојка во исхраната&

loading...