Избелете ја својата облека без хемиски средства, со помош на состојки кои ги имате дома!

Не е тешко повторно да го вратите сјајот на вашите бели алишта. Она што ви е потребно го имате на дофат и нема да ја уништите ткаенината.Можеби ве мачи проблемот со потемнетата бела облека. Но, можете да го вратите белиот сјај и тоа без помош на хемикалии. Овој вид на избелување на алишта е совршен за одржување на детска облека или за луѓе кои имаат чувствителна кожа.
Чудотворен лимонов сок
Сокот од свежо цеден лимон во комбинација со сончева светлина има избелувачки ефект.
Иако лимонот не е подеднакво ефикасен и моќен како хидроген пероксидот, ако го користите редовно при перење на облеката, ќе го достигнете посакуваниот ефект. Доволно е да исперете парче облека со раствор од 100 мл сок од лимон во 3,5 литри вода и да го ставите на сонце да се исуши.

Вода, сол и глицерин
Дамките од белата облека, можете да ги отстраните со најосновните состојки од дома. Дамките од овошните сокови ќе исчезнат ако извалканата ткаенина ја потопите во раствор од вода и сол, па на дамката втриете глицерин. Потоа исперете ја облеката со вашиот омилен детергент.
Вода и оцет
Дамките од пиво, на пример можете да ги истриете со комбинација од алкохолен оцет и вода, а потоа да ги исперете со сапун во топла вода.
 Можеби ве мачи проблемот со потемнетата бела облека. Но, можете да го вратите белиот сјај и тоа без помош на хемикалии. Овој вид на избелување на а

Пронајдете не на следниве мрежи: