Изберете една боја и дознајте го резултатот: Харизматичните ја бираат портокаловата, додека зелената…

Една од честите забави е одредувањето на тоа каков партнер ви одговара врз основа на некој детаљ. Еве еден таков тест – која боја од наведените бои најмногу ви се допаѓа: портокалова, виолетова или зелена?Тоа не се базира врз основа на тоа која боја ви е омилена, туку во моментов која боја виеузелно ве привлекува.
Ова се резултатите врз основа на избраната боја.
Зелена
Практични сте и склони кон тоа да водите сметка за другите. Кога ќе запознаете потенцијален партнер, овие карактеристики брзо го наведуваат отворено да ви зборува за себе, да му биде пријатно и да почувствува дека целосно го поддржувате. Со леснотија од почеток гледате што му е битно. Слободно верувајте им на своите инстинкти, како и на способноста да ги сослушате другите, бидејќи ви помагаат да разберете што потенцијалниот партнер сака од врската. Битна ви е интелигенцијата на партнерот – таа ја поттикнува вашата љубопитност.
Кога бирате брачен партнер, го бирате оној со кој се чувствувате сигурно (за некои сигурноста се дом и деца, за некои парите, врска во која некој ќе се грижи за вашите потреби, или комбинација од наведеното). Личноста за која трајно се врзуваат оние коишто избрале зелена боја е стабилна.
Мало предупредување: тоа што сте отворени и што делувате неискусно, може да ви отежне да го пронајдете посакуваниот партнер, бидејќи луѓето често добиваат погрешен впечаток за вас, па се разочаруваат кога ќе сфатат дека не сте она што го очекувале.

Виолетова
Во почетокот, вас кај потенцијалниот партнер ве привлекува неговата енергија, но всушност најмногу ви одговараат оние коишто ве смируваат и прават добро да се чувствувате во сопствената кожа. Мажите ги привлекува вашето драматично однесување, а вашиот ентузијазам ги прави да се чувствуваат зајакнато – нивните сопствени животи покрај вас им се чинат возбудливи и чувствуваат дека можностите им се бескрајни.
Верни сте, врските за вас се нешто сериозно. Кога бирате партнер за брак, покрај тоа што мора да ги задоволи вашите критериуми, се одлучувате за оној кој добро изгледа. Оние коишто избрале виолетова боја, стапуваат во брак со згодни момци.
Мал совет: пружете му на вистинскиот шанса – немојте однапред ништо да претпоставувате, судете го според неговото однесување, а не според тоа колку се вклопува во некој ваш замислен идеал.
Портокалова
Харизматични сте, лесно е да ве сакаат и многу сте пријателски настроени, што на потенцијалните партнери многу им се допаѓа. Користите допири за да им наговестите дека ги слушате и се грижите за нив и тоа ви овозможува да ја согледате вистинската состојба на нештата во односите и ситуациите. Иницијално ви е допаѓа како некој изгледа, но за трајна врска бирате по интелигенција.
Му се посветувате на паметниот партнер. Склони сте кон тоа бракот да го сфаќате во смисла „додека смртта не ве раздели“. Градите однос со оној, којшто може да ве научи нешто ново. Оние коишто бираат портокалово стапуваат во брак со интелигентни.
Мало предупредување: кога прв пат сретнувате некого, често ја криете својата ранлива страна, па паметниот систем на одбрана е сѐ што таа личност гледа во вас. Доколку не се отворите со време, можно е потенцијалниот партнер никогаш да не ја запознае вашата вистинска природа.Тоа не се базира врз основа на тоа која боја ви е омилена, туку во моментов која боја виеузелно ве привлекува.
Ова се резултатите врз основ

Пронајдете не на следниве мрежи: