Изборите се тест за Македонците во каква Македонија сакаат да живеат

Почитувани Македонци и граѓани на Македонија, да се потсетиме што правеше СДСМ низ историјата на Македонија, промена на име, знаме, потписници на рамковен договор, продажба на Кичево и Струга, отпуштени преку 200.000 граѓани и уште многу неправди спрема Македонија и нејзините граѓани.Мораме да ги запреме овие деструктивни политики кои ја носат Македонија кон федерализација. Овие избори, треба да покажат две работи, а тоа е дека Македонците се свесни дека мора да го казнат Заев за виткање на кичмата овој изминат период, и втората работа е дека ВМРО ќе мора да влезе со нови сили и енергија во борба против СДСМ на следните парламентарни избори.
Македонија е држава на сите оние граѓани кои ги почитуваат симболите, химната, и Уставот на Македонија. Борбата не се добива со виткање кичма и наведната глава, борбата се добива со идеи, проекти и храброст. Како што видовме изминативе 100 дена економијата забрзано паѓа надолу. Некои политичари и сами се свесни дека ја губиме Македонија онаква каква што ја познаваме и време е да прогледаат и да застанат цврсто и одлучно. Македонија треба да гради соживот со Албанците, но соживот кој се базира на принципи, морал и етика а не на уцени и шибицарски игри.
Македонија апсолутно треба да се интегрира во НАТО и Европската Унија, меѓутоа со принципиелни политики и почит од двете страни, а не со уцени и закани по унитарноста на Македонија. Изборите се тест за Македонците, од една страна гласачкото тело на СДСМ е либерално и не му смета двојазичност, не му смета кантонизација на Македонија, геј бракови, промена на име, на знаме, химна, двојазични банкноти итн……..од друга страна десницата на чело со ВМРО е конзервативна и е спротивен елемент од левицата, и тоа ќе биде борба на две идеи, затоа Македонците се на тест, или ќе имаме либерален концепт и тотално нова држава со неморал или конзервативен концепт во кој Македонија ќе се води од традиционалните вредности.
Почитувани Македонци и граѓани на Македонија, вие сте на потег за да одберите во каква Македонија сакаме да живееме. Да живее Македонија !!!
Со почит,
Македонски Национален ФронтМораме да ги запреме овие деструктивни политики кои ја носат Македонија кон федерализација. Овие избори, треба да покажат две работи, а тоа е дека

Пронајдете не на следниве мрежи: