Изборните адути на СДСМ: Партиски листи за спас од кривична одговорност

СДСМ ги објави своите изборни адути. Демек победнички, пред сите останати. Kако ги објави така се самозакопа. Од внатре и од надвор. Внатре-партиски им стави крст на најгласните и најхистеричните соборци. Оние кои ги искршија автомобилите за да го докажат својот борбен дух, оние кои везден беа со една нога до состојба на шлог, оние кои од партијата им остана само хроничниот ларингитис бранејќи го Мурто, оние кои сами себе се дотепаа за да се докажат пред шефот…и пак ништо.СДСМ ги објави своите изборни адути. Демек победнички, пред сите останати. Kако ги објави така се самозакопа. Од внатре и од надвор. Внатре-партиски им стави крст на најгласните, и најхистеричните соборци. Оние кои ги искршија автомобилите за да го докажат својот борбен дух, оние кои везден беа со една нога до состојба на шлог, оние кои од партијата им остана само хроничниот ларингитис бранејќи го Мурто, оние кои сами себе се дотепаа за да се докажат пред шефот…и пак ништо.
Во неделата некои нови клинци им ги зазедоа „добитните места“ иако и ним треба да им е јасно дека пратеничка фотелја не гледаат. Наводните добитни места на пратеничките листи им се само поздрав за добредојде во клубот на шарените лаги. Основната цел на нивното наоѓање на листите е да бидат преобратени од ноунеим во неим ликови за една употреба, и толку. За партијата да се раздолжи кон нив. Секако, на ликовиве ќе им остане задоволството дека со скромното студентско и фарбарско-кодошко искуство ги засениле грлатите, жилатите, црвените соборци ама тоа задоволство ќе биде со ептен краток рок.
Она што ќе се памети на подолг рок е партискиот гнев, револт, големото незадоволство од тоа како СДСМ води политика. Многу зла крв изроди оваа партија на злото. Иако поинаква крв во СДСМ и не може да се очекува се чини сега злото е отидено ептен далеку, отаде плафонот. За сите наивни и неинформирани сдсмовски соборци кои мислеа дека нивната партија е нешто подобро од прикажаното, неделата беше ден на вистинско отрезнување. Момент на вистината. За оние другите, мнозинството граѓани на кои оваа партија им е одамна прочитана книга неделата беше ден за уште една бесплатна забава. Забавата доби кулминација кога македонските граѓани ја видоа вештачки креираната еуфорија во „Александар Палас“ дека токму овие ликови ќе славеле победа на 11 декември. Грев. Kој ќе им ја донесе изборната победа само тие си знаат. Граѓаните секако не.
Сигурно се сеќавате кога пред само неколку месеци шарените одржаа прес-конференција пред Делегацијата на ЕУ на која побараа од странскиот фактор во земјата да излобира во нивно име и за нивни интереси столче на преговарачката маса. Столче на преговарачка маса тогаш не добија ама еве ги сега на партиските листи. Откако избербатија се во главниот град во координација и со поддршка на СДСМ, стигна партиската награда. Всушност, токму пратеничкото место и имунитетот им е последната надеж да се сокријат од се поевидентната кривична одговорност која ќе им стигне на глава непосредно по изборите. Ним и на нивниот шеф.
Вака згрижени со имунитет ќе можат да тераат уште некое време. Ама проблемот кај овој вид кривична одговорност е што не застарува така лесно. Барем не така како што мислат советниците на луѓето од листите. Тој што ги лажеше дека за бербатот нема да има кривична одговорност треба јасно и гласно да им каже дека ги лажел.
Од друга страна, „граѓанскиве активисти“ ако сепак освојат некое пратеничко место тоа ќе биде спас за целото македонско цивилно општество. Партиската кошула ќе ги тргне лажните граѓански активисти од улица кои изминативе години буквално го окупираа граѓанскиот простор и ќе остави простор за заживување на вистински автохтони граѓански иницијативи кои ќе добијат шанса да го ревитализираат и деполитизираат македонското општество на вистински начин. Ќе го ослободат граѓанскиот сектор во земјата од лажното граѓанско претставување, ако воопшто овие партиски кандидати бидат избрани од граѓаните. Бидејќи граѓаните се тие што ги избираат носителите на власт во земјата.
Ниту еден од амбасадорите на служба во Република Македонија, ниту странците во Делегацијата на ЕУ не гласаат на избори. До повисока позиција во политиката не се стигнува без граѓанска доверба. До повисока позиција во политиката не се стигнува ниту со илјадници испратени писма до европските институции со кодошка содржина против сопствената земја, ниту со извештаи напишани против власта избрана од граѓаните, а потпишани од некои странски експерти. Не се стигнува ниту со плачење во амбасадите, ниту со коленичење пред амбасадорите, ниту со вовлекување под нивните панталони и сукњи. Повисока политичка функција се заработува од македонските граѓани. Токму затоа е големиот сомнеж дека овие молеро-фарбачи, како и СДСМ топтан ќе бидат избор на македонските гласачи.
На овие избори под знак прашање се стави и гласањето на дијаспората. Иако по се изгледа избори во дијаспората ќе има, СДСМ би била најсреќната партија тие воопшто да не се случат. Зошто? Па бидејќи токму оваа партија направи буквално се нашите сограѓани кои живеат и работат во странство да не бидат претставени во Собранието на Република Македонија. На почетокот, токму СДСМ се потепа да им го попречи остварувањето на избирачкото право, но по бројните реакции и критики кои стигнаа на нивна адреса, одлучија да го пренасочат вниманието и предложија најнеповолен начин на пресметување на гласовите дадени во дијаспората.
Под превезот на наводно почитување на европските изборни стандарди, токму СДСМ инсистираше да се замени мнозинскиот со пропорционалниот модел на пресметување на гласовите на сите македонски гласачи што живеат во Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија како една изборна единица. Преведено на јазикот на СДСМ ова ќе значи дека демек тие се добра партија која води сметка за правото на глас на секој македонски државјанин без разлика дали живее дома или надвор ама ќе инсистира на изборен модел со кој многу тешко ќе може да се избере пратеник.
СДСМ е партија што никогаш не водела грижа за нашите сонародници во другите земји, а е прва партија што сака да искористи се од нив. СДСМ е партија што никогаш не можела да сфати зошто и колку е важно за Република Македонија да одржува блиски економски, културни, политички, граѓански врски со своите сограѓани што живеат надвор од земјата. Оваа партија никогаш не иницирала промена на Уставот, или промена на Изборниот законик со која би се овозможило многу поактивно вклучување на македонските државјани што живеат и работат надвор од државата во политичкиот живот на својата татковина. Напротив.
СДСМ постојано ги кочела или ги отежнувала овие процеси, а вината за своите грешни политики секогаш ја префрлувала на некој друг, најчесто на ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа, ако на овие избори дијаспората остане минимално претставена или непретставена во македонското Собрание, вината треба да се бара во апсурдноста на барањата на СДСМ да се обезбеди апсолутно еднаква изборна моќ на гласот на македонските државјани што живеат надвор од државата, со онаа што ја имаат во Република Македонија. СДСМ намерно никогаш не сакала да ги сфати спецификите на гласањето надвор од својата држава. Не можела да сфати дека за разлика од гласачите што живеат во земјата, кои треба да преминат само една улица, а некогаш и помалку за да дојдат до избирачкото место и да гласаат, голем дел од македонските државјани што живеат надвор од земјата треба да поминат повеќе илјади километри за да дојдат до ДKП или до конзуларната канцеларија на РМ за да го остварат правото на глас.
Тоа е многу време, тоа се дополнителни трошоци, тоа се дополнителни стресови на кои се изложени нашите сонародници кои сакаат да го остварат избирачкото право. Kаде се тука еднаквите можности, каде е тука еднаквоста на избирачкото право на македонските државјани во една поширока смисла на зборот. Точно е дека еднаквото избирачко право значи право на секој македонски државјанин на само еден глас, согласно принципот еден човек-еден глас. Но, еднаквоста во поширока смисла не го опфаќа само правото на еден глас. Значи многу повеќе од тоа. Значи еднакви можности на сите македонски државјани да го остварат избирачкото право на фер, и на демократски начин без дискриминација.
Но, дали еднаквите можности да се оствари избирачкото право се однесуваат и на македонските државјани што живеат надвор од Република Македонија? Одговорот треба да го даде „експертот“ од СДСМ кој го предложи овој модел на пресметување на гласовите од дијаспората, модел кој е во директна спротивност со принципот на еднакви можности за сите, и кој ги дискриминира македонските државјани што живеат надвор од земјата…
Тања Kаракамишева-ЈовановскаСДСМ ги објави своите изборни адути. Демек победнички, пред сите останати. Kако ги објави така се самозакопа. Од внатре и од надвор. Внатре-партиск

Пронајдете не на следниве мрежи: