– Изборот кој треба да го направат македонските граѓани не е Македонија или Груевски, како што вели опозицијата, туку Македонија или редефинирана Македонија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.– Заев се однесува во овој период како човек бомба самоубиец. Тој ја има прегрнато Македонија и сака да го активира динамитот. Но тоа нема да му биде дозволено ниту од мене, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и како најподдржана политичка партија во Македонија, ниту од народот и граѓаните во Македонија. Тој ќе ја изгуби оваа битка и еден ден ќе се срами што на ваков начин постапувал, рече Груевски во вчерашното интервју за телевизијата Канал 5.
Затоа, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тој се плаши да се соочи со народот и да излезе на избори на 5 јуни.
Тој, смета Груевски, е контрадикторен и во своите ставови и во однесувањето. Во време кога, како што рече, неговите хулигани харале низ улиците, палеле канцеларии на Претседателот, се тепале со полицајците, повредувале полицајци, тој на телевизија зборувал дека неговата борба е гандиевска.
– Гандиевска значи мир, значи некаков отпор без насилни средства, а на улицата во исто време додека тој зборуваше за гандиевска борба имаше невиден вандализам, невидено насилие, имаше повредени полицајци, запалени канцеларии на претседателот на државата, рече Груевски и додаде дека за таквото однесување народот ќе му врати кога ќе дојдат изборите.
За непостојаноста, рече, говорел и фактот што тој сега тврдел дека се што не било исправно во државата ќе поправеле, вклучително и администрацијата, а заборавал, како што посочи, дека пред неговите сопартијци говорел дека кога ќе дојдат на власт ќе променат се од чистачка до министер.
– И што е најтрагично тоа се случи и во двете министерства што ги земаа и во МВР и во труд и социјала. Ги променија скоро 500 луѓе што се на раководни позиции во МВР. Слична операција беше направена и во МТСП и што е најлошто сето тоа се направи на незаконски начин, рече Груевски.
Тоа додаде, говори за нив дека едно зборуваат, а кога ќе им се даде можност и прилика друго прават.– Заев се однесува во овој период како човек бомба самоубиец. Тој ја има прегрнато Македонија и сака да го активира динамитот. Но тоа нема да