Изборот на Џафери е нелегален, обвинителството итно да постапи

Здружението на граѓаните за почитување на прописите од Битола, формирано уште во 2004 година, чија главна дејност е следење на изборите, следење судски постапки и слично, вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Талат Џафери и уште 64 други, меѓу кои и Зоран Заев и Али Ахмети, за нелегалниот избор на претседател на Собранието на 27 април, пишува „Дневник“.Пријавата до која дојде весникот е поднесена поради основано сомнение дека пратениците извршиле неколку кривични дела од Kривичниот законик: велепредавство, злоупотреба на службената должност, противзаконско посредување, лажно претставување, самовластие, фалсификување службена исправа и уште неколку други дела.
Претседателот на здружението, Васко Kостески, за „Дневник“ вели дека очекува процесирање на пријавата итно и во најкус можен рок оти секому му е јасно дека изборот на Џафери не беше легален, на седница, според закони и процедура.
– Собранието во оваа фаза има претседавач и двајца заменици и единствено тие може да спроведат седница. Но, очигледно е дека се работи за сценарио договорено од претходно со поддршка од надвор – вели Kостески.
Тој очекува дека Обвинителството сериозно и итно ќе се зафати со процесирање на случајот и ќе ги прибави потребните докази за пратениците што ја злоупотребиле службената должност да може да одговараат.
– Задачата на Обвинителството нема да е лесна, сепак се работи за пратеници, кои, сигурен сум, ќе ја искористат својата политичка моќ за да го спречат процесот, но ситуацијата е јасна, кривичните дела се направени – додава Kостески.
Во образложението на кривичната пријава под секој од првите тројца пратеници стои „искористувајќи ја својата службена положба и овластувања ги пречекори границите на своето службено овластување и спротивно на позитивните законски норми заедно со други лица импровизира одржување седница на Собранието на Република Македонија“.
Во пријавата се наведени и имињата на сите 67 пратеници од парламентарното мнозинство. Според Kостески, а и како што е наведено во пријавата, докази за нелегалноста на седницата постојат, а дополнителни Обвинителството може брзо да прибави, со извршување увид на документите изготвени за време на изборот на Џафери, документите испратени до „Службен весник“, како и преку директните сведоштва на претседавачот Трајко Вељаноски и генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски.
Постојат и видеоматеријали, додава Kостески, на кои се гледа снимено целото дејство на одржување на импровизираната седница.Пријавата до која дојде весникот е поднесена поради основано сомнение дека пратениците извршиле неколку кривични дела од Kривичниот законик: велепр

Пронајдете не на следниве мрежи: