Избран со помалку од 61 глас- Талат генератор на дополнителна политичка криза

Талат генератор на дополнителна политичка криза  Ефтов: Дали избројавте колку точно пратеници гласаа за Талат Џафери?
Салиу: Си има служби кои го имаат тоа направено.
Ефтов: Би се согласиле ли сега да пробаме да направиме проста математика?! Дали беше Али Ахмети присутен на седницата?
Салиу: Не
Ефтов: Дали беше Бранко Манојловски присутен?
Салиу: Не беше ни тој.
Ефтов: Дали петте пратеника на БЕСА беа присутни?
Салиу: Беа.
Ефтов: И напуштија кога се гласаше.
Салиу: Учествуваа, после завршувањето на гласањето напуштија.
Ефтов: Не, напуштија пред да се гласа. Дали двата пратеника од ДПА беа присутни кога се гласаше?
Салиу: Едниот беше.
Ефтов: Дали е под 60?
Салиу: Мислам дека не паѓа.
Ова е разговорот на новинарот Васко Ефтов со колегата Исен Салиу во емисијата „Во центар“. Тој во разговор со главниот уредник на „Лајм“ прави математика – Дали Талат Џафери е изгласан со 61 глас.
Ефтов посочува дека остана да лебди дилемата дали Талат Џафери е со 61 глас во македонското собрание. Настрана сите оние фаули во демократската процедура, коментира тој, ако Талат Џафери не е избран со 61 глас во македонскиот парламент, тогаш влагаме во една многу нестабилна, многу кревка и многу неизвесна политичка и демократска иднина.

Шилегов и Зекири гласаа со две раце. Дали така Џафери стигна до 61 глас?!

-Ако тука ја направија невината грешка, сите потези кои понатаму следат и кои се поврзани со Талат Џафери, ја носат на работ на демократска процедура и на одредена недемократска процедура. Всушност, така избраниот Талат Џафери е основа или генератор на дополнителна политичка криза – коментира Ефтов во последното издание на „Во центар“.
Ефтов: Дали избројавте колку точно пратеници гласаа за Талат Џафери?
Салиу: Си има служби кои го имаат тоа направено.
Ефт

Пронајдете не на следниве мрежи: