Собранието на Република Македонија го избра Владе Богдановски за член на Судскиот совет, а Сузана Салиу и Јован Андоновски за заменици на народниот правобранител.Во попладневниот дел од седницата, пратениците ги донесоа и Спогодбата за соработка за прашања од областа на европската интеграција меѓу владите на Македонија и Косово, Законот за ратификација на Договорот за основање на Фонд за Западен Балкан, Спогодбата меѓу македонската Влада и Владата на Романија за заемна заштита на класифицирани информации и Законот за ратификација на Договорот за основање на регионална канцеларија за младинска соработка.
За Предлог законот за вработување на стоте најдобри дипломирани студенти од јавните универзитети, Собранието ќе гласа утре откако Комитетот за односи меѓу заедниците ќе се изјасни дали треба да се гласа со двотретинско мнозинство по барање на пратеникот Талат Џафери.
Според Џафери, идејата за вработување на најдобрите студенти е добра, но спорен е критериумот кој се однесување на познавање на македонскиот јазик со што се ставаат во нерамноправна положба сите кандидати. Поради тоа, Џафери побара законот да се гласа по Бадентер и за овој негов предлог да се изјасни Комитетот за односи меѓу заедниците.
По скратена постапка беа донесени и измените на Законот за внатрешни работи, Законот за градежно земјиште и Законот за поштенски услуги, додека во прво читање беа прифатени измените на Законот за иновациска дејност и измените на Законот за банки.
Собранието ги донесе и измените на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија со кој се воведува нов орден наречен „Мајка Тереза“. Комисијата која ќе го предлага добитникот на орденот ќе има пет члена.Во попладневниот дел од седницата, пратениците ги донесоа и Спогодбата за соработка за прашања од областа на европската интеграција меѓу владите на