Издадени 2.258 потврди за азил на странски државјани

На вкупно 2.258 странски државјани вчера им била издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од нив 966 биле од машки пол, 462 од женски, 819 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-853, Авганистан–959 и Ирак-446.
Од 1 јануари до вчера потврди за право на азил им биле издадени на вкупно 14.024 странски државјани, од кои, 5.834 се од машки пол, 2.927 женски, 5.215 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 48 деца кои патувале без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-6.043, Авганистан-4.913 и Ирак-3.068.
Од 1 јануари до вчера на полноќ, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.
Од страна на мобилните тимови на Црвениот крст, вчера на граничните премини Табановце и Гевгелија укажана е прва помош и асистенции во големброј случаи, а прибрани се и донации од различни донатори наменети за мигрантите, соопшти МВР.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-853, Авганистан–959 и Ирак-446.
Од

Пронајдете не на следниве мрежи: