Романот е драматична и страсна приказна за копнежот и љубовта, за растењето и пронаоѓањето на својот животен пат. Современ роман-потсетник на едно бурно време во кое заедно со големата држава се распаѓаа и многу семејства и надежи, кога се бришеа границите меѓу чувствата и разумот, меѓу реалноста и човечките соништа.Дејствието во романот се одвива околу браќата Васил и Столе, само едни од многуте кои не успеваат да се приспособат кон новите околности. Приказната за нивните соништа и разочарувања лесно го внесува читателот во еден магичен свет во кој патувањето низ времето е начин да се долови нивниот живот од една поинаква перспектива. Едниот страстен и немирен, другиот спокоен и разумен, секој на свој начин се соочува со своите демони.
Динамиката на пресвртот во ова дело и внимнателното нијансирање на идентитетот на ликовите создаваат чувство на осознавање дека љубовта сепак е најбезбедното прибежиште по кое секој човек копнее.
Ивица Челиковиќ (1962) е автор на десетина поетски и прозни дела. По „Зад источната линија“ (2004) и „Седмиот ден“ (2014), ова е негов трет роман.
Челиковиќ е и преведувач од шведски јазик. Превел триесетина дела од познати шведски писатели, меѓу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсоен, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг, Гунар Екелоф, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Микаел Ниеми, Бодил Малмстен, Јонас Хасен кемири и Катарина Фростенсон. Преведува и македонска литература на шведски.
Добитник е на повеќе награди и признанија.Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на Шведска.Дејствието во романот се одвива околу браќата Васил и Столе, само едни од многуте кои не успеваат да се приспособат кон новите околности. Приказнат