Откако старите министри и заменици-министри поднесоа неотповикливи оставки, лидерот на ДУИ поднесе листа со нови имиња, кои на денешната собраниска седница беа изгласани со мнозинство гласовиСобранието на денешната седница ги изгласа новите министри и заменици-министри предложени од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Против гласаа пратениците од СДСМ. По завршувањето на гласањето, новите членови на Владата дадоа свечени изјави.
На листата на нови министри се Фестим Халили – вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, Арбен Адеми – вицепремиер за евроинтеграции, Валдет Џафери – министер за правда, Пиштар Љутфиу – министер за образование и наука, Дритон Кучи – министер за економија, Башким Ахмети – министер за животна средина, Шухрете Елези – министерка за локална самоуправа, Арлинд Зекири – министер без ресор, одговорен за привлекување странски инвестиции.
За заменик-министер за одбрана именуван е Беким Максути, за заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, за заменик-министер за транспорт и врски, Фатон Положани и за заменик-министер за финансии, Гзим Беадини.
Денешната седница беше одложена за еден час, наместо во 12 почна во 13 часот, поради две спорни имиња на листата на ДУИ, кои не добија „зелено светло“ од премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Станува збор за Беким Максути поради тоа што се поклонил на споменик на УЧК во Слупчане, како и за Арлинд Зекири кој неофицијално бил спорен поради тоа што не ги исполнувал условите за министерката позиција.
Пред да бидат изгласани новите министри и заменици-министри, Димитриев рече дека очекува од нив да пристапат кон работата со максимална посветеност, почитување на Уставот и законите и, како што наведе, да покажат однесување кое е совесно, одговорно и во интерес на сите граѓани на Република Македонија.
– И покрај ограничениот перформанс на Владата, очекувам овие лица да продолжат со спроведување на програмата на Владата и проектите на Владата, да имаат успешно и продуктивно работење во ресорот што го покриваат, како и да остваруваат добра соработка со останатите органи и институции на државата. Владата за спроведување на изборите нема мандат и перформанс да владее на подолг рок, туку единствено да управува со процесите до одржување на изборите на 5 јуни – истакна Димитриев.
Предложените кандидати доаѓаат на местата на досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами, кои поднесоа неотповикливи оставки во петокот, откако еден ден претходно таква одлука донесе партиското раководство на ДУИ. Оставките вчера им ги констатираше Собранието.Собранието на денешната седница ги изгласа новите министри и заменици-министри предложени од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Против гласаа пратениците