Супермоделот од 80-тите, Кристи Бринкли, го прославила својот 64-ти роденден во друштво на семејството и пријателите во луксузен стан во Менхетен.Русокосата убавица и понатаму освојува со безвременската убавина, а на нејзиниот изглед ѝ завидуваат и двојно помлади дами.
Некогашната манекенка и супермодел, како и секогаш, и за оваа прилика била одлично облечена – Бринкли блескала во светкав комбинезон на Стела Мекартни кој ја истакнал нејзината витка фигура.
Убавата Кристи секогаш истакнува дека за нејзиниот добар изглед се заслужни здравиот начин на живот, добрата исхрана, квалитетниот сон и позитивниот животен став. Исто така, таа не крие дека се подложила на неколку третмани за подмладување, но неодамна открила која е вистинската причина за нејзиниот младешки изглед.
“Мојата фонтана на младоста. Тие ме одржуваат млада во срцето”, напишала славеничката под фотографијата на своите три деца, 32-годишната ќерка Алекса Реј, 22-годишниот син Џек и 19-годишниот Сејлор Лием кој најмногу и наликува на неа.
Судејќи по фотографиите, Бринкли одлично се забавувала, уживајќи во добрата храна, пијалоците и атмосферата, а потоа одржала и говор.
Таа се качила на каучот и им порачала на своите блиски: “Само да ви дадам еден мал совет, 64 ќе дојде побрзо отколку што мислите. Затоа живејте го секој ден како да ви е последен”.
Русокосата убавица и понатаму освојува со безвременската убавина, а на нејзиниот изглед ѝ завидуваат и двојно помлади дами.