Изгледајте беспрекорно и на пеколните температури!

Летните температури ни дојдоа наеднаш, но тоа не значи дека жештината треба да се пречека без план за совршен изглед. Овие необични трикови за убавина на порталот „Бјути хај“ ќе ви помогнат да се чувствувате свежо и да изгледате беспрекорно дури и на +40!1. Деловите на кои сте претерале или сте згрешиле со средството за самопотемнување, истријте ги со мешавина од обична вода и сода бикарбона.
2. Карминот и лакот за нокти чувајте ги во фрижидерот.
3. Во лето косата побрзо се масти. Наместо пречесто миење, пред спиење попрскајте малку сув шампон или бебешка пудра во коренот и наутро добро расчешлајте. Косата ќе изгледа свежо, а ќе мириса одлично.
4. Пред фенирање ставете малку дезедоранс на задниот дел од вратот за да се спречи потењето.
5. Црвенилото предизвикано од депилација на бикини-зоната ублажете го со ладни вреќички чај од камилица.
6. Дамките од пот на облеката испрскајте ги со сок од лимон, а потоа исперете ги нормално.1. Деловите на кои сте претерале или сте згрешиле со средството за самопотемнување, истријте ги со мешавина од обична вода и сода бикарбона.

Пронајдете не на следниве мрежи: