Не морате постојано да ги броите калориите и да се мачите во теретаните за да се чувствувате и да изгледате заносно. Пробајте во својата рутина да внесете некои од триковите што ви ги предлагаме и веднаш ќе забележите разлика.Убавиот изглед не зависи само од тежината. Добро балансираната исхрана (никогаш не го прескокнувајте доручекот) која не налага во целост да се откажете од омилените јадења ќе ви помогне во симнувањето на вишокот килограми, но постојат и други трикови што ќе ве изненадат.
Секогаш носете потпетици: Тие ќе додадат сексипил без разлика на фигурата. Нозете ќе ви изгледаат подолги и заради тоа и горниот дел на телото ќе ви изгледа витко.
Чувајте се од пријателите кои ги сакаат мастите: Кога сте на вечера со пријателката што нарачува помфрит и голем десерт, нема да можете да се воздржите и ќе и „украдете“ гриз, а можеби дури и самата ќе го нарачате истото. Никој не вели дека не треба да излегувате со неа на вечера, но внимавајте да не се опуштате премногу.
Најдете си го својот стил: Познавајте ли некоја девојка која го одзема здивот на машкиот пол дури и кога носи само обични тренерки и бела маичка? Тоа е зашто не е се во тоа што го носите, туку и во тоа како го носите. Почесто облекувајте нешто во кое што се чувствувате удобно, а што другите го забележуваат и ви даваат комплименти. Тоа може да биде и некој фустан со убава шара што сте го купиле на распродажба пред неколку години.
Кога јадете, целосно посветете се на храната: Мултитаскингот е забранет. Немојте да гледате телевизија и да сурфате додека јадете, бидејќи така ќе изедете многу повеќе отколку што треба. Храната ја консумираме кога сме гладни, а не кога ни е досадно. Тоа не е пропратна работа. Слушајте го желудникот, а не емоциите.
Купувајте повеќе свежи намирници: Кога правите список за купување, обидете се на него да ставите колку што може помалку храна што се наоѓа во кутии и конзерви. Колку помалку адитиви и хемикалии, толку поздрава храна. За се што треба да се отпакува, веројатно постои поздрава замена.
Ниски црни фармерки: Тие прават чуда за долниот дел на телото. Нозете во нив изгледаат потенки и ги прикриваат маните како вените и несовршеностите на колената.
Зголемете ја самоконтролата со порциите: Подобро е кога зборуваме за височината на потпетиците, но мора да внимавате ако пред вас се најде чинија преполна со омилената храна сететее се дека не сакате да бидете во клубот на дебелите.
Внимателно со „здравата“ храна: Се почнува многу невино. За ручек ви се јаде салата и во чинијата ставате зелена салата, а потоа продолжувате со јајца, шунка, мајонез. Не е секаква салата, салата. Извадете ги непотребните додатоци што со себе носат многу калории.
Наместо да изберете масти, изберете согорување на масти: На шопинг листата додајте ги следните намирници: грејпфрут, јаболки, маслиново масло, семки од сончоглед, лук, боровинки и бадеми. Но, не претерувајте со лукот ако сакате да ги задржите добрите односи со колегите во канцеларијата.Убавиот изглед не зависи само од тежината. Добро балансираната исхрана (никогаш не го прескокнувајте доручекот) која не налага во целост да се отка