Изгледала како обична просјачка, но она што полицијата го пронашла во нејзиниот дом ги шокирало сите

Полицијата во Сараево во неделата ја уапсила просјачката Санита Бака, а потоа во нејзиниот дом било пронајдено пакетче марихуана, како и прибор за конзумирање дрога.Како што било потврдено од МВР во Сараево, Бака била приведена на сослушување, а потоа била задржана во полиција, поради сомневање дека извршила кривично дело за незаконско поседување на опојни дроги.
Да потсетиме, Бака неодамна се појави во медиумите бидејќи пријавила полицаец кој наводно подолг период ја рекетирал. Според нејзините тврдењa, полицаецот Нијам С. (32) од Зеница и дозволувал да проси на сраевските улици и ја штител се додека му давала пари.
Инаку, на Санита и е ампутирана десната нога поради прекумерно конзумирање дрога и од тогаш се снаоѓа просејќи по сараевските улици.
Како што раскажала, полицаецот ја рекетирал од август оваа година, кога, откако ја затекнал дека проси, ја одвел на страна и ја прашал колку пари има. Бидејќи му рекла дека има нешто ситно во џебот, тој побарал да му ги даде парите ветувајќи и дека нема да има проблеми.
Но, постојано се враќал и барал повеќе, а на крајот Санита за него морала да уплаќа по 300 денари на сметка на спортска обложувалница. Санита ги сочувала доказите за уплатите на негово име и на крај го пријавила.
Полицаецот бил приведен по пријавата и бил сослушан во полиција и потоа бил пуштен да се брани од слобода.Како што било потврдено од МВР во Сараево, Бака била приведена на сослушување, а потоа била задржана во полиција, поради сомневање дека извршила кр

Пронајдете не на следниве мрежи: