„Изгледот на тишината“ како дел од програмата на 18. издание на Скопскиот филмски фестивал

Скопски филмски фестивал и ВИП оператор со задоволство Ве покануваат да ја проследите програмата на 18. издание на фестивалот.Среда 22. април:
16:00 Милениум
ИЗГЛЕДОТ НА ТИШИНАТА/THE LOOK OF SILENCE (2014)
Режија: Joshua Oppenheimer
Земји: Denmark/Finland/Indonesia/Norway/United Kingdom
Времетраење: 99 мин.
Повеќе од милион луѓе се убиени по воениот пуч во Индонезија, во ноќните колежи кои траеле со месеци. Во својот документарец „Акт на убивање“, Џошуа Опенхајмер веќе направи филм за сторителите кои никогаш не платиле за своите дела, ниту покажале какво било чувство на вина. Како да се филмски ѕвезди, тие гордо ги евоцираат своите злосторства. Сега Опенхајмер го свртува своето внимание кон жртвите. Заедно со помладиот брат на Рамли, Ади, режисерот се сретнува со убијците и нивните семејства. Ги соочува со нивните садистички дела и ги прашува за совеста и одговорноста. Но овие луѓе, кои мајката на Рамли секојдневно ги среќава во селото, не покажуваат никаква емоција. Опенхајмер го документира хоророт на непризнаеното колективно злосторство и правејќи го тоа, создава простор за индивидуална жалост.
Среда 22. април:
16:00 Милениум
ИЗГЛЕДОТ НА ТИШИНАТА/THE LOOK OF SILENCE (2014)

Пронајдете не на следниве мрежи: