Изгледот открива дали е верен

 
Надворешниот изглед ги издава заводниците. На прв поглед ќе можете да знаете дали пред вас стои верен маж или само заводник кој жените се само  забава.
Еве неколку надворешни карактеристики, кои ќе ви помогнат.

Заводниците имаат широки рамена
Мажите што имаат исклучително развиени рамена се родени заводници. Уживаат во флертот и во љубовните авантури, па затоа тешко им паѓа приврзување со една девојка. Сепак знаат да се одлучат и за сериозна љубовна врска без неверство. Имено, овие момци се и иклучително романтични, тие секојдневно ја изненадуваат својата партнерка со огромно внимание и нежност.

Високо чело, знак за чувствителен маж
Доколку на прв поглед ви се допадне маж кој има високо чело, бидете сигурни дека пред вас е еден исклучително чувствителен и нежен маж. Со него никогаш нема да ви биде здодевно, ќе ви приредува слатки изненадувања. Но, доколку запознаете маж со коцкасто чело бидете внимателни, овие мажи се ладни и штедливи на зборови.

Мали уши знак за верност
Бидете внимателни, мажите што имаат големи уши уживаат во осаменоста и многу тешко се врзуваат за луѓето. Додека, мажите со мали уши се верни и од нив секогаш ќе бидете подржани.

Високите мажи се успешни, а ниските – шармантни
Високите момци оставаат силен впечаток каде и да се појават, амбициозни се и често многу успешни. Но, доколку ви се допаѓаат и ниски момци, не очајувајте тие знаат да бидат многу шармантни.

Спуштени јаболчници- врвен љубовник
Овие мажи се навистина исклучителни љубовници , колку се јаболчниците пониски толку подобар љубовник е мажот.

Свиткани прсти знак за лажго
Доколку ви се допаѓа маж со долги прсти на нозете пред вас е искрена и верна личност. Но, доколку вашата симпатија има свиткани прсти, бидете внимателни често овие мажи се совршени лажговци.

Дупче на брадата поседуваат емотивците
Брадата многу зборува за мажот. Ако е нагласена тогаш тој маж е многу импулсивен, а доколку е мала и неупадлива, тогаш тој маж е колеблив и не знае што сака. Но, за мажите што имаат дупче на брадата, бидете сигурни дека покрај него ќе се чувствувате како принцеза, затоа што овие мажи се најромантични.

Долг палец, знак за одлучен човек
Погледнете му ги дланките на мажот и ќе дознате се за него. Мажите со долги палци се успешни и одлучни но и упорни, додека оние со пократки и подебели палци се нестрпливи и лесно избувнуваат. Широк среден прст укажува на доминантна личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.