Изгоре жив издавачот на грчкиот весник Акрополис

Издавачот на грчкиот крајнодесничарски весник „Акрополис“, Панајотис Маврикос, под сè уште неразјаснети околности жив изгоре во својот автомобил.Инцидентот се случил на обиколница кај Атина, откако неговиот џип „порше кајен“, од непознати причини се запалил во движење, информираат електронските весници во Атина.
Издавачот е меѓу обвинетите во кривично-правниот случај „новинари рекетари“. Во февруари тој беше уапсен, но веднаш потоа и ослободен.
Властите тогаш информираа дека група новинари формирале криминална група и неколку години од повеќе државни службеници од јавните претпријатија со изнуда добивале пари за реклами.
Полицијата работи на сите верзии од инцидентот, а не ја исклучува и можноста за намерно палење или поставена бомба.
Личниот возач на издавалот, исто така, жив изгорел во џипот. Тој го запрел луксузното возило, но не успеал да го напушти.
Возилото било регистрирано на името на сопругата на издавачот.
Весникот потсетува дека во декември 2014 година на истиот автопат бил запален автомобил. Во експлозијата на возилото загинал возачот, кој бил со албанско потекло, а неговата пријателка била повредена.Инцидентот се случил на обиколница кај Атина, откако неговиот џип „порше кајен“, од непознати причини се запалил во движење, информираа

Пронајдете не на следниве мрежи: