Две куќи изгореа изутринава во силен пожар на улицата „Круме Волнароски“ во Прилеп, информираат од Прилепската противпожарна единица.Според Станко Колески, командир на Противпожарната единица нема повредени, но причинета е огромна материјална штета.
– Пожарот е пријавен изутрина во 7:11 часот на улицата „Круме Волнароски“ број 29. Кога стигнале пожарникарите веќе горел покривот на куќата. Стихијата ја зафатила и соседната куќа. Пет возила со 16 пожарникари интервенираа и пожарот е ставен под контрола, но сѐ уште е опасно жариште. Целосно изгореа горните катови на двете куќи со покривната конструкција. За среќа нема повредени, но причинета е огромна материјална штета. Во двете куќи живеат три фамилии, изјави Колески.
Во моментов противпожарни екипи, екипа на крим-техника од полицијата и од основното јавно обвинителство се на теренот и работат на откривање на причините за пожарот.Според Станко Колески, командир на Противпожарната единица нема повредени, но причинета е огромна материјална штета.
– Пожарот е приј