Изградени се 98 нови спортски сали од кои 64 се инвестиција на МОН

Исклучително значајно е инвестирањето во спортската инфраструктура затоа што на тој начин се подобрува целокупниот физички и здраствен развој на учениците, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во вчерашното гостување во ТВ Нова.Ристовски посочи дека во изминатиот период се изградени вкупно 98 спортски сали, од кои 64 се инвестиција на МОН, додека останатите се реализација на Агенцијата за млади и спорт.
-Во рамки на ОУ „Кирил и Методиј“ кое едно од најстарите училишта основано пред 180 години, за прв пат се гради комплетно нова спортска сала. Градежните активности се одвиваат со одлична динамика и се очекува да бидe завршена во месец мај, и учениците од септември ќе започнат со користењето на новиот објект, истакна Ристовски.
Заменик министерот потенцираше дека во изминатиот период се инвестирани вкупно околу 120 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во која спаѓаат изградбата на 74 нови училишта, реконструкцијата на над 400 поостоечки училишни објекти, инвестициите во студентските домови, изградбата на спортските сали, изградба на нови згради за високо образовните институции и многу други објекти.Ристовски посочи дека во изминатиот период се изградени вкупно 98 спортски сали, од кои 64 се инвестиција на МОН, додека останатите се реализација

Пронајдете не на следниве мрежи: