Интензивно се реализира капиталниот владин проект за „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“, преку кој значително се подобрува спортско – образовната инфраструктура во државата, се модернизираат условите за реализација на часовите по спорт и спортски активности, се подобруваат условите за работа на наставниците по физичко и здравствено воспитување, а новите спортски објекти се од големо значење и за спортските клубови, работници, но и за спортските рекреативци.Досега преку Министерството за образование и наука се изградени 55 сали во вкупна вредност од околу 1,66 милијарди денари, односно 27 милиони евра. 30 се во основни и 25 во средни училишта. Бенефитот веќе го чувствуваат повеќе од 45.000 ученици од основните и средните училишта, подеднакво застапени во сите рурални и урбани средини.
Во моментов 7 спортски сали се во фаза на градба, а до крајот на годината ќе започнат да се градат уште 7, доколку општините во чии рамки се предвидени да бидат изградени, ги овозможат сите неопходни услови.
Последен пример за тоа е спортската сала Оризари која што се градеше и беше ветена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека ќе се стави во употреба во најбрз можен рок при неодамнешната посета на Оризари во месец декември минатата година.
Тоа ветување се оствари. Десетина дена по посетата беше пуштена во употреба салата а вчера Груевски ја посети салата која се користи во Кочанско Оризари, и е втора од ваков тип на територијата на Општина Кочани.
Ова е 55-та сала која ја гради МОН, а заедно со Агенцијата на млади и спорт досега се изградени 83 спортски сали. Заедно со спортските сали кои се во фаза на градба догодина се очекува да се започне со градба 100-та спортска сала.
Во ова бројка не влегуваат спортските центри „Борис Трајковски“, салата со капацитет од нови 2000 седишта во кампусот на УКИМ и салата „Јане Сандански“.Досега преку Министерството за образование и наука се изградени 55 сали во вкупна вредност од околу 1,66 милијарди денари, односно 27 милиони евра.