Згрижувањето на децата е во нашиот фокус. Во изминатите десетина години изградивме и адаптиравме стотина нови детски градинки и дневни центри, а доколку имавме можност да ја реализираме нашата програма во која се планирани уште 140 објекти за згрижување на деца од предучилишна возраст мислам дека во голема мерка ќе ги задоволевме потребите за градинки во Македонија.
Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по официјалното пуштање во работа на германската инвестиција Лутекс во погоните на поранешна „Нонча Камишева“ во Велес, која ќе произведува индустриски и технички текстил наменет за извоз.
– Во нашиот мандат има 87 објекти изградени или опремени со адаптација за деца во предучилишна возраст од кои 60 се градинки, а 27 дневни центри. Годинава се очекува да се реализираат уште 18, но нема сите да се довршат, рече Груевски и нагласи дека очекува од нив да бидат завршени од 10 до 15, чија градба е во тек.
Во новата програма, како што кажа, било предвидено изградба на нови 140 градинки.
– За жал во моментов не сме во можност да ја оствариме програмата и ќе почека некои други времиња, но сметам дека она што го направивме во изминатиот период е од големо значење. Се отворија многу нови градинки и се реновираа многу објекти коишто стоеја празни. Со тоа значително се зголеми процентот на деца кои се згрижени во градинки, а токму тоа беше еден од фокусите на нашето внимание, посочи Груевски.
Додаде дека се уште има многу простор за реализација на објекти за сместување на деца од предучилишна возраст и како што рече, доколку влезевме со новата програма ќе можевме во голема мера да ја задоволиме потребата за детски градинки во Македонија.Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по официјалното пуштање во работа на германската инв