Изјава за Пулс 24 на безбедносниот аналитичар м-р Милан Стефаноски.
Зошто хакерските напади зачестија, прво системот на ДИК, а денес системот на неколку државни институции, која е целта?
Сајбер нападите не се ништо ново, тоа е закана која е актуелна неколку години наназад. Таа закана функционира како тактика која ги забиколува традиционалните воени закани за кој светот најде соодветен одговор, сајбер тероризмот е дел од новите хибридни напади, можат да предизвикаат разорни штети по општеството, по критичната инфраструктура, по политичкиот систем и секако по економските оператори.
Сајбер нападите се иновативна и софистицирана медота на напад која има за цел да направи штета на функционален систем, да предизвика оштетување, да креира сомнеж, страв и да создаде голема доза на дезинформации. Денес сајбер нападите се во сихронизација со уште една силна закана, а тоа креирањето и пуштањето во оптек на т.н лажни вести или војна со дезинформации која има за цел да ја нападне човековата перцепција и да го ограничи во своето размислување, да го дезинформира и да го оневозможи рационално и трезвено да размислува. Војната со дезинформации е дел од психолошката војна. Цел свет има проблем со овој вид на закана или војување. Видете само колку генератори на вести имаат создадено фиктивни адреси кои креираат лажни вести за ковид вирусот. До толку е голема заканата што искреирана е перцепција дека вирусот е лажен, а тоа пак предизвукува потценување на вирусот, масовно заразување, пад на економијата. Анализите покажуваат дека ако денес имаме вакцина против ковид, населението нема да се имунизира масовно токму заради таа перфидна пропаганда. Видете ја само индирекната штета која може светот да го фрли во очај.
Како што чекориме кон забрзана дигитализација во општеството или попрецизно пандемијата го забрза процесот да живееме дигитално, така овој вид на закана од сајбер напади ќе биде се почест.
Кој е одговорот и превенитавата и ефикасно спречување од сајбер напади?
Се спрема глобален одговор кон овој вид на закани, се креира и усовршува систем кој ќе понуди помош, НАТО сериозно работи и го зајакнува својот штаб за брз сајбер одговор или реакција. Одлично е што веќе сме земја членка на НАТО. Се крева нивото на експерти и софтверски решенија, но и насока до сите земји членки да бидат поврзани со еден заеднички систем. Се работи и на тоа дека еден сајбер напад на земја членка на НАТО, може да се толкува како напад кон сите земји членки, голема е веројатноста членот 5 да биде надополнет во делот на вооружен напад со невооружени закани како сајбер напади и слично. Помошта ќе биде и во постојана обука, образование, тренинг и вежби и кординација со НАТО. Она што треба ние да направиме е во делот на военото образование, да интегрираме и акредитираме сериозни програми во делот на сајбер безбедноста, дигиталната форензика и дигиталната заштита. Ова се на некој начин техничките односно оперативните и тактичките сегменти кои мора да бидат преземени. Во делот на стратегиските концепти и во делот на превентивата и што се покажало како суштинска одбрана од ваков вид на закана е обединето кохезивно политичко општество кој има консезуален и недвосмислен став за брз влез во ЕУ, зајакнување со соработка на сите нивоа во НАТО. Веднаш да се престане со безмилосна политичка борба за власт со најлошите компромитирачки методи, со пуштање на бомби, креирање на политички кризи кои понатаму создаваат слаби институции кои пак се цел на вакви напади. Исто важно е што повеќе да одиме кон економски развој кој исто така е докажан метод за борба против овој вид на закани. Ако имате силни политичко и економско општество кои се изградени врз силен безбедносен и правен систем е најголемата превенција од ваков вид на напади.
Погледнете само кој е цел на напад, тоа се општества во кои има голем политички, економски и социјален раздор. Во САД е изборна година, беснеат протести, од почетокот на протестите до денес сајбер нападите се зголемиле за 300%, протестите во Хонг Конг, во Франција, на Балканот итн. односно онаму каде што владеат политички превирања или економско – социјални се најплодната почва за ваков вид на напади.
Исто така важно е да се размисли и да се формира функионално безбедносно тело кое нуди стратегија и одговор за ваков вид на напади, и ќе го советува претседателот на државата , претседателот на Собранието и претседателот на Владата и цела онаа т.н критична инфраструкура.
Мора да потенцирам уште еден метод кој функционира во светот, а тоа е инвестирање и создавање на корпоративна безбедносна култура, и адаптација на корпоративната безбедност во системот на националната безбедност и нудење на концепт за заштита на приватните економски оператори во државата која исто така се честа мета на сајбер напади