Изјава на британските разузнавачи: Не вреди да се започне Трета светска војна поради Украина!

Разузнавачите на MI6 извесно време се наоѓаат во Украина и сметаат дека Владимир Путин нема да седи со скрстени раце доколку Западот испрати војска како помош на владата во Киев.Шефовите на британските агенции за разузнавање го предупредија премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, дека било каква воена интервенција од страна на Британија или Западот ќе донесе ризик да прерасне во вистинска војна со Русија, пренесоа британските медиуми.
Еден неименуван извор откри дека директорот на разузнавачката служба MI6 му рекол на Камерон дека рускиот претседател Владимир Путин нема да стои мирно доколку Западот се реши да испрати воени сили да и помогнат на украинската влада, пренесе Глас на Русија.
„Основната порака е дека не вреди да се започне Трета светска војна поради Украина“, наведе спомнатиот извор.
Претставниците на НАТО и западните сили моментално разгледуваат различни опции во врска со украинската криза, од економски санкции кон Русија, па до воена помош на Украина.
Разузнавачките служби пренесуваат дека украинската криза би можела да прерасне во крвава граѓанска војна, пришто поголем дел од истокот од Украина би можел да прогласи независност и да се припои кон Русија.
Според изјавите на Дејли Мирор, невооружени групи на британски разузнавачи патролираат низ Украина и ги следат случувањата на граничните премини во кои е истакнато проруското расположение, со цел да ги „разјаснат намерите на Путин.“Шефовите на британските агенции за разузнавање го предупредија премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, дека било каква воена интервенција од

Пронајдете не на следниве мрежи: