Изјава на еден вахабист: Сакам целиот свет да биде исламски!

Селото Горна Маоча во БиХ е познато по тоа што го населуваат вахабисти. Тоа се наоѓа на 30 километри од хрватската граница, а во него живеат околу 20 семејства кои немаат контакт со надворешниот свет.Екипата на „Проверено“ доби единствена шанса да влезе во селото и да разговара со вахабистите, кои обично се затворени за посетителите. Она што е најинтересно е дека таму не може да се фати сигнал за мобилните телефони.
Меѓу расположените за давање на интервју се најде Фикрет Зукиќ, кој мината недела беше уапсен во полициската станица во Дамаск.
Неговите синови во моментов се борат во Сирија, на страната на ИСИЛ.
„Ако било кој од моите синови умре во џихад, тој нема да биде прашуван за неговите гревови. Така Алах наложува – да се биде таму и да не се поставуваат прашања. Ако загинат нема да ги жалиме, бидејќи веруваме дека тоа е желба на Алах“ рекол Фикрет.
Меѓу вахабистите кои биле расположени за разговор се нашол и Јасмин Муштајбашиќ, кој е дипломиран правник, а пред шест години ја анпуштил работата и се доселил во Горна Маоча.
„Оставив сѐ за да бидам муслиман“, признал тој.
„Конечно сум среќен. Сакам целиот свет да биде исламски, бидејќи на тој начин ќе имаме среќен свет. Треба сите да бидат муслимани за да се задоволи желбата на Алах“, додал тој.Екипата на „Проверено“ доби единствена шанса да влезе во селото и да разговара со вахабистите, кои обично се затворени за посетителите.

Пронајдете не на следниве мрежи: