Изјава на Лубиц: „Еден ден сите ќе го знаат моето име“

Марија (името е изменето), која е 26-годишна стјуардеса, открила дека Андреас Лубиц често имал кошмари, поради кои се будел извикувајќи: „Паѓаме“, пренесе британски Телеграф.Исто така, таа раскажала дека Лубиц пред една година ја најавил несреќата што најверојатно ја предизвикал во вторникот во јужна Франција.
„Кога слушнав за падот на авионот, во глава почна да ми се врти неговата реченица: `Еден ден ќе направам нешто што ќе го промени системот и сите ќе го знаат моето име и ќе ме запаметат мене`“, рекла Марија.
Девојката додала дека во една прилика, тој ја заклучил во тоалетот.
Марија додала дека раскинала со него поради неговите непредвидливи промени во однесувањето, а медиумите претходно известија дека Лубиц страдал од депресија поради прекинувањето на љубовна врска.
Јавните обвинители во Дизелдорф, каде што 27-годишниот Лубиц имал стан, истакнуваат дека не нашле никакво проштално писмо или порака преку која би се видела неговата намера или преземање одговорност за трагичната несреќа.
Поранешната девојка додала дека тој бил видно сменет поради работата, бидејќи чувствувал голем притисок и стрес поради несигурната иднина на работното место.Исто така, таа раскажала дека Лубиц пред една година ја најавил несреќата што најверојатно ја предизвикал во вторникот во јужна Франција.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: