Изјавата на Еди Рама за обединувањето на Албанија и Косово наиде на критики од ЕУ

Европската унија ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за обединувањето на Албанија и Косово. Беше потенцирано дека ваквите провокации се неприфатливи, бидејќи сите земји од западен Балкан имаат европска перспектива и напредуваат со различно темпо во тој процес.– Бидејќи проверивме што рече премиерот Рама во интервјуто, потенцираме дека западен Балкан има јасна европска перспектива, утврдена од ЕУ на највисоко ниво. Сите партнери во регионот сами ги потврдија определбите за овие цели и решителноста да се исполнат неопходните мерки, со почитување на основите начела и стандарди на ЕУ, се наведува во соопштението од Европската комисија.
ЕУ, во осврт на изјавата на албанскиот премиер, „укажала на тоа дека партнерите во регионот напредуваат, секој со сопствено темпо по тој пат, и Унијата од нив ги очекува неопходните напори за натамошен напредок“.
– Споменатите определби, исто така, вклучуваат регионална соработка, помирување и добрососедски односи, сите провокативни изјави во таа рамка се неприфатливо“, стои во реакцијата.
За потсетување, Рама во заедничко интервју со шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи, дадено за приштинската телевизија „Клан Косова“ рече дека „двете земји се залагаат за обединување преку членство во Европската унија“.
Тачи, пак, додаде дека зборовите на Рама не се закана кон Европската унија, туку дека се работи за реалноста која може да се оствари во иднина и која може да биде резултат на изолацијата на Косово од страна на ЕУ, додавајќи дека Косово веќе ги исполнило сите обврски за укинување на визниот режим со ЕУ.– Бидејќи проверивме што рече премиерот Рама во интервјуто, потенцираме дека западен Балкан има јасна европска перспектива, утврдена од ЕУ на

Пронајдете не на следниве мрежи: