Доколку е вистина дека странски јазик може да се научи во само седум дена, тогаш зошто да не може престанок на врската да се преболи за еден ден? Пробајте го овој план бидејќи вашата нова љубов некаде нетрпеливо ве чека…
Сите имаме пријатели и познаници кои и по месец дена неможеле да се соземат од прекинот на нивната врска, па единствена утеха наоѓале во песните од Адел . Да, нејзините песни се убави, но многу подобро (и побрзо) решение од тоа е да се опуштите со чај од камилица и да ја подготвите опремата за вежбање која ја подзаборавивте, бидејќи утре е нов ден. И тоа буквално!
Кога ќе се разбудите
Се разбира ќе има утра, кога дури и нема да се сетите на неговото име, а потоа – бум! Кога најмалку очекувавте, ќе чуете некоја заедничка омилена песна која ќе ве погоди во срце и почнувате да плачете. Но, не грижете се. Секој кој лечи скшено срцемора да помине низ сите четири фази на прекин на врската : негирање (Не, нема шанси да е готово меѓу нас!), гнев (Леле, само да ми се појави пред очи!), тага (Ахх, кои слики …) и прифаќање (Леле, дечкото од соседната зграда.) “Добро, сите фази болат, бидејќи вашиот мозок всушност му ги испраќа на телото истите пораки како кога ќе се соочи со удар, но има лек за тоа. “Наоружајте се со храна која ќе спречи вашето тело да го зголеми нивото на грелин, хормон кој се лачи од телото за време на периоди на стрес, кој пак ве тера на прејадување. Така, интегрални мафини или овесна каша со цимет се полн погодок за оваа фаза!
11 часот
Знаеме дека сте во фаза на прекин на врската, и лежите завиткани на каучот, со затворени прозорци, но барем малку соберете сила и сами излезете на прошетка во паркот пред зградата, откако добро сте се наспале. Може да бидете изненадени како воздухот и природата се доволни за да го кренат вашето расположение. И кога одите на прошетка, земете си неколку бадеми,тие се богати со витамин Б12 и цинк, кои ќе ви го подигнат нивото на железо, што е често причина за замор.
13 часот
Како брзо да го подигнете хормонот на среќа, познат како допамин и серотонин? Запомнете го овој рецепт: салата, пливање, брзо одење и вежбање пред ТВ екранот. Меѓутоа, ако на вежбање отидете заедно со вашата пријателка, тогаш вашето тело ќе може да произведе уште еден, дополнителен хормон на среќа,окситоцин, кои се лачи тогаш кога сме заљубени. А потоа наградете се со голем оброк кој ќе го зајакне вашиот имунолошки систем, на пример, омилените тестенини со сос, чили, лимон и ѓумбир.
16 часот
Па, вие веќе сте пребродиле добар дел од денот, но ако сте уморни, солзите лесно можат да ве надвладеат. Избегнете го чувството на депресија така што ќе слушате класична музика, бидејќи таа смирува. Всушност, Бах и Моцарт врз нашиот мозок имаат ефект како камилица и лаванда заедно. Меѓутоа, ако не ви се допаѓа класичната музика, можете да ја изберете било која музика или нешто што ви се допаѓа и го зголемува нивото на хормонот допамин. И да, избегнувајте работи кои ве потсетуваат на вашите среќни денови, договорено?
19 часот
Па што ако сте сингл? Да не не можете да излезете на вечера или да си подготвите исклучителна кујна со свеќи. Во изборот на свеќи нема да се мешаме, но во храната ДА. Ви препорачуваме да конзумирате само намирници кои ќе ви го подигнат расположението и ќе ви обезбедат добар сон. Значи, во чинијата мора да се најде парче мисирка, лосос или јагнешко месо, домати, сирење, зелена салата и цвекло. А чоколадо? Се разбира можетеда си дозволите неколку коцки, и тоа црни, бидејќи ќе ви го зголемат нивото на серотонин. На крајот на вечерта, задолжително подгответе си бања која ќе ве згрее подобро од било кое момче.
И сега – пред да паднете во искушение да му се јавите на поранешното момче, и му понудите нешто само за да дојде и ве утеши – знајте дека можете и без тоа. Како? Ќе си подготвите чаша камилица со млеко. Очигледно, ние не знаеме како ве теши вашиот бивши, но знаеме со сигурност дека камилицата содржи chrysin кој е совршен за лекување од несоница, вознемиреност и ги релаксира мускулите. Но, што ако постојано мислите на него? Ние знаеме дека тешко е да се надминат емоциите кога ќе ви се вратат сликите од минатото, но ќе ви биде полесно доколку и се јавите на пријателката. И не заборавајте да бидете добри за себе, бидејќи без разлика колку и да ви е тешко, не заборавајте дека ова е фаза на жалост во која ќе кажете збогум на своите соништа и надежи за иднината, кои засекогаш исчезнале. Тоа е само фаза во животот што ќе помине . И да, можеби ве чека многу подобра љубовна приказна од предходната.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Доколку е вистина дека странски јазик може да се научи во само седум дена, тогаш зошто да не може престанок на врската