Излегла на прошетка, сега сака засекогаш да замине од Париз: „Мислев дека гасат пожар, а со чаршави ги покривале телата“

Лиеке (17) студира во париз од септември минатата година. Не се ни надевала дека наместо прошетка ќе им додава на полицајците чаршави  за да ги покријат мртвите тела на улица.„Бевме во станот и се подготвувавме да излеземе надвор кога ја слушнавме полицијата како влегува и излегува од театарот. Мислевме дека се работи за помал пожар, а потоа ја слушнавме жената  како врескајќи истрчува надвор и  прегрнува маж.
Полицијата почна да вика по нас да донесеме чаршави и ќебиња и втрчавме внатре по нив. И понатаму мислевме дека се работи за пожа и дека им треба нешто за скротување на пожарот. А потоа сфативме дека дека им се потребни за покривање на мртвите тела.
Двајца луѓе кои се наши соседи кои живеат во  приземјето се нашле во ресторанот кој е нападнат, а на среќа успеале да побегнат. Ни кажаа дека запознале жена која таму била со двајца пријатели кои во текот на вечерта излегле надвор на цигара. Двајцата се убиени.
Наутро е многу тивко, нема автомобили, улиците се затворени и потребни ви се докази дека живеете во близина доколку полицијата ве застане на улица.
Овој напад ме натера да посакам да одам одовде. Кога се случи нападот на Шарли Ебдо претходно оваа година бев во  училиште во центарот на градот. Исто така се најдов во Бангког во август оваа година кога експлодираше бомба.
И понатаму не сум подготвена да излезам надвор.„Бевме во станот и се подготвувавме да излеземе надвор кога ја слушнавме полицијата како влегува и излегува од театарот. Мислевме дека се раб

Пронајдете не на следниве мрежи: