Излегоа на површина комплексните криминални шеми на Андреа Јосифовски со „Макпетрол“

Пред три дена во јавноста објавивме обемно истражување на криминогеното дејствување на генералниот директор на акционерското друштво „Макпетрол“ Андреа Јосифовски, кое предизвика реакции меѓу научната јавност која се занимава со разни облици на криминал меѓу кои и финансискиот криминал, пренесува Инфомакс.мк.До редакцијата на Инфомакс пристигна е-маил во кој доктор на науки кој е во подготовка на својот научен труд на факултетот за безбедност, а кој пројави интерес за истражувачката сторија со цел дополнување на неговиот научен труд. Според него, „исклучително е интересен начичнот кој го употребувал Јосифовски при перењето на парите, и дека досега вакви шеми не се видени, барем во Македонија“ – вели во својата електронска порака до нашата редакција докторантот.
Имено, пред два месеци меѓународната компанија „Балкан Петролеум Холдинг“ изрази намера за преземање на „Макпетрол“, поради што за прв пат во Македонија силно беше разбрануван Македонскиот пазар за трговија со хартии од вредност.
Веднаш по објавувањето на намерата, голем број на медиуми под контрола на Јосифовски, меѓу кои и главниот телевизијата „Телма“ која пак е во сопственост на „Макпетрол“ почнаа со медиумска хајка против сопствениците на „Балкан Петролеум Холдинг“ притоа изнесувајќи бројни непроверени информации, шпекулации и теории на заговор, непотребно вмешувајќи политика.
Во истражувањето објавено пред неколку дена, со јасни факти, документи и докази беше приложена фактичката, вистинита ситуација кои го докажуваат обемот на криминални активности кои ги преземал генералниот директор на АД „Макпетрол“, предизвикувајќи една од најголемите компании во Македонија со години неоправдано да биде во загуба, акционерите да не добиваат дивиденда, а во исто време Јосифовски како генерале директор самиот на себе да си доделува стотици илијади евра бонуси за „лојалност“ кон компанијата.
Колку бил лојален, докжуваат документите на кои се гледа дека Јосифовски преземал низа активности кои се законски забранети во Македонија, а со цел да ги избегне редовно отварал и затварал фирми во оф-шор земји, преку кои ги „канализирал“ парите од „Макпетрол“, прво преку „Оилко“, а потоа преку оф-шор компаниите за на крајот да завршат во приватни џепови.
Имено, Јосифовски преку „Оилко“ испумпувал огромни количини на пари на име на фактури за транспорт, што предизвикало „Макпетрол“ да има огромни загуби што пак резултирало со еквивалентно зголемување на профитите на „Оилко“.
За овие пари да бидат извадени легално и собрани во џеповите на Јосифовски и неговите соработници, Андреа направил низа на шеми првично користејќи ја технологијата на формирање на оф-шор комапнии како ММ-Оил Канада (името е дериватив од имињата на неговите ќерки Милица и Марија), PETROIMPEX (комапнија во сопственост на Аднреа Јосифовски, преку која се испумпани десетици милиони евра), FIRSTINVEST (компанија која се појавува како инвеститор во ММ-Оил Канада).
 

Сите овие компании, и повеќе биле дел од криминалните иновации на Андреа Јосифовски во испумпувањето пари од „Макпетрол“ и деградацијата на цента на акциите на компанијата, притоа стекнувајќи се со огромно богатство врз грбот на акционерите во комапијата, но и 2.000 вработени кои се под притисок јавно да зборуваат за она што се случува пред нивните очи, бидејќи се под закана да го загубат работното место.
Овие таканаречени „иновации“ во светот на финансискиот криминал предизвика голем интерес во научната јавност, која се занимава со проучување на формите на криминал, како и начините на кои нелегално се испумпува капиталот од комапните, се пере и на крајот завршува во приватни џебови.
До редакцијата на Инфомакс пристигна барање од докторант по безбедност, кој побара дозвола за користење на материјалите, доказите и документите кои ги обелоденивме пред неколку дена за криминалните шеми на Јосифовски. Според докторантот кој не сакаме да го именуваме поради очигледни причини, се работи за „форми на криминал кои досега не се видени“ во светот на финансиските злоупотреби, и дека ова со сигурност ќе влезе во научната литература која ќе ја изучуваат наредните генераци на „безбедњаци“ барем во Македонија.
Доколку сакате да ги погледнете документите и сознанијата, можете да ги погеднете ТУКА
Инфомакс.мк
До редакцијата на Инфомакс пристигна е-маил во кој доктор на науки кој е во подготовка на својот научен труд на факултетот за безбедност, а кој про

Пронајдете не на следниве мрежи: