Kраток измислен, но и веројатен разговор помеѓу двајца пријатели (можеби и соседи), но гласачи на двете страни, едниот за СДСМ, другиот за ВМРО:Личност 1: 200.000 украдени гласови, така власта добива избори, никогаш не победила, сите избори се крадени!
Личност 2: Kако се украдени? Kако е можно тоа кога во сите избори се вклучени сите партии?
Личност 1: На избирачките места!
Личност 2: Е како на избирачките места кога на секое избирачко место има набљудувачи на СДСМ?
Личност 1: Е не на избирачките места, ама со Избирачкиот список!
Личност 2: Е како со Избирачкиот список кога тој е јавен документ и го имаат сите партии, го добиваат секоја година пред избори и го проверуваат преку своите активисти на секоја улица и во секоја зграда?
Личност 1: Е го имаат, ама власта си допишала 200.000 фантомски гласачи и така ја победува опозицијата!
Личност 2: Тоа не е возможно бидејќи во просек на секое избирачко место треба да се допишат по минимум 100 гласачи кои не живеат таму, а треба да гласаат! Зарем вашите набљудувачи, набљудувачите од вашите невладини организации и членовите на избирачките одбори нема да го видат тоа? Kомшиите не се познаваат ли?
Личност 1: Нема врска тоа, секако во оваа држава има 200.000 фантоми, како поинаку власта победува?
Личност 2: Со програма, со работа, со отчетност, со кредибилитет, со автопати, со фабрики, со инфраструктура, со грижа за ранливите категории, со поддршка за бизнисот и земјоделството, со инвестиции во култура,…
Личност 1: Глупости. Во опозицијата се најпаметните луѓе, најдобрите, најчесните. Kако може власта да победува? Тоа не е логично!
Личност 2: Логично е, логично, само ако има сила некои луѓе да излезат од кутијата наречена СДСМ и да погледнат подалеку и пошироко, погледнат лево, но и десно, погледнат напред, ама да погледнат и назад низ времето.
Личност 1: Ништо од тоа не е точно. Ниту има нови фабрики, ниту има нови патишта, ниту има нови школи, ниту има, ништо нема, с` е лошо, с` е катастрофа. Само 200.000 фантоми има! Така победува власта!
Животот е лесен за оној кој не живее во реалноста, но и тежок за оној што одвреме-навреме мора да се соочи со реалноста.
Во Македонија имаме цела една политичка структура во врвот на СДСМ која десетина години не успеава да го најде патот до изборна победа, не успева да се наметне кај граѓаните со кредибилитет и доверба, но успева да го задржи раководното кормило во својата партија. Десетина години (со неколку козметички ротации) истите луѓе се на врвот на оваа партија. Kако е можно тоа, доколку во СДСМ се почитуваат демократските правила од сите европски држави што говорат дека раководство на партијата (или барем само претседател) по изгубени избори треба да се повлече и да даде шанса на други лица што би создале подобри шанси за изборен триумф. Тоа непишано правило не важи за СДСМ иако суетно оваа партија се прогласува за единствен заштитник на демократијата во Македонија, зошто нели сите други или се дел од режимот или се негови соработници. На некому во таа партија (кој сака да остане на раководна функција и по цена неговата партија никогаш да не добие на избори) му текнало дека, замислете: За изборните порази на СДСМ не е виновно и одговорно раководството на СДСМ, туку власта на ВМРО.
Пишува: Илија Димовски за ДневникЛичност 1: 200.000 украдени гласови, така власта добива избори, никогаш не победила, сите избори се крадени!
Личност 2: Kако се украдени? K