Со доаѓањето на ладните денови се враќаат маките на сите оние кои страдаат од често воспаление на синусите. Главоболката е придружник на синузитисот, кај кој често не помагаат ниту најсилните лекови. Затоа, подобро е да се свртите кон природните методи за ублажување на болката. Еден добар сојузник во оваа борба е – ренот.Подготовка:
Ви препорачуваме да го изрендате и да го полиете со вински оцет, а потоа да го ставите во шише од половина литар и затворете го. Чувајте ја смесата 10 дена на собна температура и повремено протресувајте ја. По десет дена, неколку пати во текот на денот преку отвореното грло на шишето вдишувајте од ренот по пет минути. Истата течност, истурете ја на ткаенина и држете ја во текот на ноќта на главата или вратот. Третманот трае пет дена, што е доволно да се ослободите од непријатните главболки.
Друго решение е да изрендате 50 грама рен, да го додадете во пет децилитри вода и да го ставите на шпорет да зоврие. После тоа, ставете ја главата над садот, покријте ја со пешкир и вдишувајте од пареата.
ТУКА дознајте го најдобриот лек за сува кашлица!Подготовка:
Ви препорачуваме да го изрендате и да го полиете со вински оцет, а потоа да го ставите во шише од половина литар и затворете го



